Врховната Рада на Украина на Твитер соопшти дека денеска украинскиот претседател Володомир Зеленски ќе им се обрати на членовите на Европскиот Парламент.
❗️❗️Сьогодні, 1 березня, Президент України Володимир Зеленський виступить перед депутатами Європарламенту.
Підписана заявка про вступ України до ЄС за прискореною процедурою була прийнята, зареєстрована і взята до розгляду.
Виступ Президента проходитиме у відеоформаті.— Верховна Рада України (@verkhovna_rada) March 1, 2022
„Денеска, 1 март, претседателот на Украина Володимир Зеленски ќе им се обрати на членовите на Европскиот парламент. Потпишаната апликација за пристапување на Украина во ЕУ по забрзана постапка беше прифатена, регистрирана и земена во предвид. Говорот на претседателот ќе се одржи во видео формат“, пишува во објавата на Врховната Рада на Украина.
Амбасадорот на Украина во Кралството Холандија, Всеволод Ченцов, утринава соопшти дека го доставил барањето на Украина за членство во ЕУ до Филип Леглис Бонс, постојан претставник на Франција во ЕУ, земјата која во овие шест месеци претседава со Советот на ЕУ.
„Апликацијата е поднесена. Процесот е почнат“, напиша Ченцов на Твитер.