Клучен предизвик глобално за целиот свет во моментов е секако руско-украинската криза односно руската агресија врз Украина. Сметаме дека е тоа настан кој што навистина го менува светот и го смени светот и ние како држава членка на НАТО и држава кандидатка за членство во ЕУ целосно сме усогласени со политиките на ЕУ на ова поле, во осудата на руската агресија и поддршка за Украина и украинскиот народ, вели вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за Фронтлајн, како одговор на прашањето – Кои се главните предизвици за Македонија и регионот и како мислите да се справите со нив?
Вицепремиерот вели дека Владата постапува секојдневно во однос на помош и дека тоа ќе биде предизвик и во наредниот период.
„Ние ја следиме состојбата и како Влада постапуваме секојдневно и во однос на помош толку колку што можеме и преку структурите на НАТО и преку механизмите на ЕУ, но и билатерално за Украина. Исто така, се грижиме секојдневно да нема какви било последици врз нашето население, нашите граѓани, нашиот квалитет на живот, нормален живот во овој период“, истакна Маричиќ.
Целото интервју со вицепремиерот Маричиќ: