Руските војници ќе извршат напад врз инфраструктура на украинските безбедносни служби во Киев и ги повикаа жителите кои живеат во близина на тие објекти да се евакуираат, соопшти руското Министерството за одбрана.
„Ги повикуваме… жителите на Киев кои живеат во близина на релејните станици да ги напуштат своите домови“, рече портпаролот на Министерството за одбрана, Игор Конашенков.
Претходно руските сепаратисти информираа дека сакаат да постават два „хуманитарни коридори“ за граѓаните да го напуштат градот Мариупол во југоисточна Украина.
Луѓето до среда ќе треба да си заминат, појасни денеска, портпаролот на бунтовниците во регионот на Донецк, Едуард Басурин, јави ДПА.