Филип Јовановски во негов препознатлив марко-цепенковски стил со поема за Боувивата „Spase Oddity“
Земјата му кажва
На Мајоро Том
Сврши уба работа
Сега врати се во твојо дом
Оти весниците умират да знат
Шо гајчи носиш
побрзо
скокни от бродо
Овде Мајоро Том
Ете стрпете се
Излегвам отврата
Ушче малце
че летнам
На најчуднио начин
Дур ѕвездите блешчат
Коникогаш другпат
Јако, ко сонцето
в кујча да ми зрачит
А јас
Мајоро Том
Со глата горе
На крајо на свето
дремам, простум си стом
И пулам от горе
Земјата
Плава
поплава
тегет
тажна
потажна
Немој да биди
Лујџето
мали
Мали
Немојш да гиопулиш
Ситни ко гниди
И досега
поминав илјадници
километри џаде,
от умор
не мом
вместо
да стом
бродо мој знај кај ој,
оти ногу пат досега кладе,
ушче малце
ушче малце се врајчам
а дотогаш
ако ѕвездите губат сјај
кажете му на жена ми
данему ја мисли
оти ногу ја сакам,,
таја
си знај.
М.Ц
Денес се навршуваат 4 години од смртта на Дејвид Боуви. Легендарниот пеач беше музички активен цели пет децении и бил склон кон менување на музичкиот стил и имиџот. Првата песна со која се прославил Боуви бил синглот „Space Oddity“ од 1969 година, која поради симнувањето на Месечината имаше голем успех.
Ј. Ѓ.