ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

„Одлуката за напад на Украина е лично на Путин, Русија не сака војна“ – Илијадници Руси со апели за мир

March 3, 2022 12:22
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
theins.ru

theins.ru

Share on FacebookShare on Twitter

И покрај новите престроги закони и ризикот од затворски казни за јавни протести (дури до 20 години затвор) – повеќе од еден милион луѓе потпишаа петиција со која бараат да запре војната во Украина. Заедниците на професионалци од многу области, објавија серија отворени апели против инвазијата. Тие беа потпишани од  повеќе од 100.000 луѓе. Рускиот независен медиуми The Insider објавува дел од апелите и писма.

Архитекти и градежници

„Војната не може да биде инструмент на политиката во 21 век. Војната ја обезвреднува самата суштина на архитектот и урбанистот, без разлика во која земја и да е.  Почитта на соседите не се добива со сила или уништување, таа се да се заслужува преку градење на сопствена земја, сопствениот дом. Не на војната!“. Отвореното писмо го потпишаа повеќе од 6.400 архитекти и урбанисти.

ИТ професионалци и претставници на ИТ индустријата

„Ние, вработените во руската ИТ индустрија, сме категорично против воените акции во Украина иницирани од вооружените сили на Руската Федерација. Сакаме нашата земја да не биде поврзувана со војна, туку со мир и напредок. Напредокот и развојот на технологијата за доброто на човештвото се невозможни во  услови на војна и закани по човечките животи и здравје. Апелот го потпишале повеќе од 28.000 луѓе.

Камермани и сниматели

Ниту еден геополитички изговор, ниту една формална цел, не вреди повеќе од човечки животи ,и ниту една пропаганда не треба да ве убеди во спротивното. Писмото го потпишале осумдесет потписници.

Аниматори

„Убедени сме дека војната не носи ништо друго освен смрт, болка и уништување. Заедницата за анимација во Украина и Русија е една и неразделна…. Анимацијата, и воопшто уметноста, отсекогаш била проткаена со антивоен дух. Сметаме дека денешните воени акции не се насочени само против нашите украински пријатели и колеги, туку против сите луѓе, човештвото и Човекот воопшто. Нема оправдување за бомбардирање и убивање!. Апелот го потпишаа над 400 јавни личности меѓу кои Леонид Швартсман, Јуриј Норштејн, Ала Босарт и други.

Кинематографија 

„Војната не може да биде без крв, војната е секогаш катастрофа. Должноста на културата (вклучувајќи го и киното) е да се спротивстави на насилството, крвопролевањето и расправиите. Добро време е да се потсетиме на старите советски слогани, кои не изгубија ништо од нивната важност: мир за светот, не за војна. Денес, кога премногу граѓани на нашата земја се заплашени и се плашат да донесат свои заклучоци за тоа што се случува, должност на уметниците е јасно да се изјаснат против лагите и насилството.

Петнаесетмина уметници коишто се занимааат со снимање филмови, направија видео во кое секој од нив самостојно и се обрати на публиката. Меѓу говорниците беа Андреј Звјагинцев и Венјамин Смехов.

 

Комичари

„Наша работа е буквално да ги натераме луѓето да гледаат на нивните проблеми од поинаков агол, да се смеат и да се радуваат. Но, постојат работи кои предизвикуваат само една емоција: страв, гнев, чувство на загуба и беспомошност. И една од овие работи е војната. Апелот го потпишаа речиси 300 познати уметници, меѓу кои,  Александар Долгополов, Идрак Мирзализаде, Слава Комисаренко, Михаил Шатс и други.

Здравствени работници

„Силно се спротивставуваме на воените дејствија извршени од руските вооружени сили на територијата на Украина. Воените дејствија ќе однесат толку многу животи и ќе осакатат многу луѓе и судбини, а ние за жал, нема да можеме да да им помогнеме, колку и да го сакаме тоа.

Сите ќе врескаат од болка и ќе ја бараат мајка си на истиот јазик. Човек може да биде убиен за миг, но лекувањето и закрепнувањето на повредените може да трае со години. И ние ќе плаќаме за случаите на денешната борба со години.

Затоа, следејќи ги нашите заклетви и одржувајќи хуман и правичен третман на сите животи, бараме итен прекин на сите операции кои вклучуваат употреба на смртоносно оружје“. Апелот беше потпишан од повеќе од 8.000 лекари, медицински сестри и болничари“, стои во апелот на здравствените работници.

Универзитетски професори, студенти на додипломски и постдипломски студии

„Бараме прекин на офанзивата на руските трупи на украинска територија. Прифатен факт е дека науката и Академијата треба да бидат ослободени од политика. Но, дојде време кога оваа слобода нема каде да постои. Слободната наука и академија не смеат да одат заедно со крвопролевање и страдање. Проучувајќи ја историјата на дваесеттиот век на семинари и предавања, мислевме дека овие сурови лекции ги научиле сите народи. Сепак, се покажа дека тоа не е така.  Избувнувањето на војната ќе и ја одземе иднината на Русија, ќе уништи животи, ќе ги украде детството и младоста, развојот и образованието.  Руските граѓани не сакаат војна. Им изразуваме огромно сочувство на сите жртви и бараме бомбардирањето на украинските градови веднаш да престане“. Писмото го потпишале повеќе од 13.000 луѓе.

Терапевти и психијатри

Војната е концентрација на сè што може да делува деструктивно врз човечката психа. Сегашното ширење на пандемијата на насилство веќе длабоко повреди и оштети десетици милиони луѓе.  Насилството мора да престане од оние кои го иницираа. Никогаш не е доцна да го истакнеме најдоброто од сите нас. Запрете ја војната“. Писмото го потпишале над 4.500 специјалисти.

Научници и научни новинари

 „Со ослободувањето на војната, Русија сама се осуди на меѓународна изолација, од  позиција на непријателска земја. Изолацијата на земјата од светот значи натамошна културна и технолошка деградација на нашата земја со тотален недостаток на позитивни перспективи.  Бараме почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на украинската држава. Бараме мир за нашите земји“. Апелот го потпишаа повеќе од 5.000 научници.

Дигитални хуманисти

 Ние, руските научници и професионалци во областа на дигиталните хуманистички науки, силно ги осудуваме воените дејствија иницирани од руските вооружени сили во Украина. Работиме на проекти кои ги почитуваат историите и културите на сите народи, овозможувајќи и на пошироката публика да учествува во овие дискусии и промовирајќи хуманистички вредности. Руските дигитални хуманисти споделуваат и поддржуваат хуманистички вредности, заеднички за целото човештво, а ние се чувствуваме уништени и ужаснати од овие настани. Ние стоиме во солидарност со нашите колеги од целиот регион и нашите срца се со Украина. Сакаме мир за нашите земји. Апелот го потпишаа 167 научници.

Наставници

„Ние сме учители, а насилството е спротивно на самата суштина на нашата професија. Во жарот на војната нашите студенти ќе загинат. Војната неизбежно ќе ги влоши социјалните проблеми на нашата земја. Ги поддржуваме антивоените протести и бараме итен прекин на огнот“.

Апелот беше потпишан од над 4.300 наставници и просветни работници од цела Русија и од голем број други земји.

Уметници, куратори, архитекти, критичари, историчари на уметност…

 Бараме да се прекине оваа војна со Украина, суверена и независна држава од 2014 година и да се започнат преговори со неа на почитувана и еднаква основа.  Ја изразуваме нашата апсолутна солидарност со народот на Украина и велиме решително НЕ НА ВОЈНАТА! Бараме итен прекин на сите непријателства, повлекување на руските трупи од Украина и одржување мировни преговори. Апелот беше потпишан од повеќе од 12.000 членови на културната и уметничката заедница.

Добротворни фондации

„Ние се противиме на воените дејствија што нашата земја ги спроведува на територијата на Украина. Целата наша работа е борба за човечко достоинство, спасување животи…Војната е хуманитарна катастрофа која енормно ги зголемува  болката и страдањето. Нејзините последици можат да го уништат долгогодишниот напор. 567 директори и основачи на добротворни организации го потпишле  апелот. Меѓу нив се Авдотја Смирнова, претседателка на Фондацијата Егзит; Чулпан Хаматова, основака на фондацијата „Подари живот“, Елена Мартјанова, директока на добротворната фондација за хоспис „Вера“, Георги Свердлин, шеф на добротворната организација Ночлешка и други.

Застапници од општини

 „Ова е неспоредливо злосторство за кое нема и не може да има оправдување. Одлуката за напад ја донел лично рускиот претседател Владимир Путин. Убедени сме дека граѓаните на Русија не му дале таков мандат.  Ве повикуваме да не учествувате или да ја одобрувате агресијата. Ве молиме, не молчет,  само масовна осуда на луѓето може да ја запре војната.

Апелот го потпишале 272 застапници од општини  од различни градови на Русија (Москва, Санкт Петербург, Велики Новгород, Самара, Рјазан, Јошкар-Ола и други).

Активисти за човекови права

Си ги посветивме животите на одбрана на човековите права…. Војната е најмасовниот и најварварскиот начин веднаш да се лишат не само поединечни граѓани, туку и милиони луѓе од нивните права…. Напаѓајќи ја Украина, руските власти извршија злосторство не само против украинскиот народ, туку и против човештвото…. Ветуваме дека ќе направиме сè што е можно, зова злосторство да не биде заборавено.» Апелот го потпишаа повеќе од 100 активисти за човекови права.

Познати,  јавни личности и граѓани (пејачи, музичари, уметници)

Познати руски пејачи, музичари и јавни личности се изјаснија против војната. Претходно, папата, Мадона, Џим Кери, Дејвид Линч и други побараа од Путин да ги прекине нападите. Кога Владимир Путин ги започна нападите, илјадници луѓе излегоа да учествуваат на антивоените протести во Санкт Петербург, Москва  во повеќе од 40 градови. Тие велеа „не на војната“ и се солидаризираа со Украинците. И познатите Руси јавно се спротивставија на инвазијата на Украина и бараат да се прекине војната. Петицијата „Стоп за војната против Украина!“ на Change.org собра над милион потписи за три дена.

Извор:  Руски The Insider

Обработка: И. З. и Фронтлајн

Next Post

Лајен најави дополнителни мерки против Русија доколку ситуацијата се влоши

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk