Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска го посети Стоматолошкиот факултет во Скопје при Ректоратот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде Министерството за образование и наука, заедно со Ректоратот во Скопје, изминатите две година реализираше инвестиција во опрема за подобрување на условите за настава за студентите.
На посетата беа присутни и ректорот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на проф. д-р Никола Јанкуловски, Деканот на Стоматолошки факултет проф. д-р Ќиро Ивановски и проф. д-р Елизабета Ѓеоргиевска од Катедрата за детска и превентивна стоматологија.
„Вложувањето во нова опрема за факултетите е истовремено вложување и во развојот на високото образование. На овој начин овозможуваме подобри услови за теоретска и практична настава на студентите- идни стоматолози. Ја препознаваме потребата за капитални инвестиции но и во квалитетно високо образование и ќе продолжиме во таа насока “, рече министерот Шаќири.
Во изминатите две години МОН поддржа комплетно реновирање и опремување со најсовремена опрема на 4 клинички сали за потребите на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, Катедрата за орална хирургија, Катедрата за имплантологија, Катедрата за болести на забите и ендодонтот и Катедрата за болести на устата и пародонтот. За набавка на најсовремена опрема, Министерството за образование и наука одвои вкупно 10.000.000,00 денари од кои 5.000.000,00 денари во 2020 година и уште 5.000.000,00 денари во 2021 година.
Со инвестициите во високото образование, од една страна студентите имаат можност својата пракса да јаизвршуваат во соодветни и модерни услови, а од друга страна, условите заработана професорите се навистина соодветни на нивните потреби беше истакнато при денешата средба.