ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Русија ќе почне се поплитко и поплитко да дише

March 3, 2022 17:51
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Зоран Бојаровски

Зоран Бојаровски

Share on FacebookShare on Twitter

За жал, за сметка за сите недолжни жртви, и воени и цивилни, и од едната и од другата страна, секоја војна поставува преседани.

Воената агресија на Русија за окупација на Украина, ако не ја преземе врвниот ѓавол за да прерасне во светска војна за која нема да има кој да раскажува, уште од сега постави еден преседан.

Наспроти масовната, сурова и смртоносна сила на територијата на една суверена држава, на Русија, освен силите на Украина, светот, или ајде попрецизно, државите со западно-демократски вредности, се спротивставија со досега невидени санкции, кои навестуваат катастрофални последици за Русија, а постапката на Путин предизвика обединување на Европа и Северна Америка како никогаш до сега.

Сега на Русите им станува јасно што значи, од една страна да се биде дел од глобалниот пазар и да се уживаат благодетите на пристапот до светските ресурси, а од друга страна до апсурд да се билда автократијата и воениот комплекс. Нема газ што може да седи на такви две столчиња и да се чувствува удобно.

Финансиската, економската и комуникациската блокада на Русија сериозно го измести столчето со благодетите од пристапот до глобалните светски ресурси и потенцијали. Еве точно што значи тоа:

  • Замрзнати се руските банки за сите можности за трансакции со светот.
  • Сите инструменти за плаќање како Мастер, Виза картичките, како и Пеј Пал, Епл Пеј, Гугл Пеј, и сите други „пејови“, ги откажаа сервисите, или едноставни, заради другите блокади, не се во можност да ги сервисираат граѓаните на Русија.
  • Се затвора METRO Cash & Carry, со повеќе од 10.000 вработени
  • Фејсбук, Твитер и Гугл им ги блокираат акаунтите на руските официјални провладини медиуми
  • Големите автомобилски компании кои имаат фабрики во Русија (БМВ, Шевролет, Фолксваген…) – ги затвораат. Десетици илјади луѓе ќе останат без работа. Само Тојота вработуваше 2600 работници.
  • Голем број други компании најавија дека ќе ја запрат испораката на автомобили и други возила (Ауди, Мерцедес, Тојота, Сканиа…)
  • Најголемите ИТ компании (Intel, Ericsson, HP, Dell, AMD… ) се повлекуваат од рускиот пазар и ги запираат испораките на чипови, картички, и други материјали од компјутерската, информатичката и комуникациската технологија
  • Големите глобални компании од нафтената индустрија (Shell, Exxon Mobil…) ги откажуваат договорите со Газпром.
  • DHL и FedEx, ги прекинаа испораките од и до Русија.
  • MAERSK ги запира бродските испораки до Русија
  • Danone – го напушта рускиот пазар заедно со нивната ќерка фирма „Простоквашино“
  • Кока Кола излегува од пазарот, иако Русија биле повеќе Пепси земја.
  • Нетфликс ги бокираше сметките на Русите и го запре финансирањето на руските филмови
  • На ова може да се додадат уште откажувањата од спортските, музичките, филмските, другите сценски настапи на руските претставници…

Тотална блокада.

Неспоредливи се тие последици со жртвите што ќе бидат покосени на воените полиња на смртта, но тоа е првиот одговор додека и од другата страна не проговори оружјето, после што светот каков што знаеме до вчера, ќе остане само меморија за оние малкумина што ќе преживеат.

Финансиската, економската и комуникациската блокада на Русија, воопшто не е за потценување. Така како што тргна да се надоградува во бранови, наскоро ќе стигне во фазата кога Русија ќе почне се поплитко и поплитко да дише и ќе се врати на состојбата од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите.

И навистина вреди да се размисли за прашањето на Орданоски колку навистина ќе чинат 600 милијарди евра потрошени на милитаризација на земјата?

За жал ќе страдаат обичните граѓанин, но тоа ќе биде цената што ќе треба да ја имаат на ум кога ќе излезат на следните избори.

Фејсбук објава од Зоран Бојаровски

 

Next Post

(ВИДЕО) Петков исвиркан од русофили и погоден со снежна топка

Shortcut

Најново

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

Летно читање за немирни умови: две изданија на Frontline Press во „Или-Или“

June 9, 2026

Цаневска-Арсовска со три прашања до Ѓеорѓиевски: Каде се парите на скопјани, кој ги именува директорите и зошто Скопје се дави во смет?

June 9, 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk