ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бугарскиот министер Димов останува во притвор уште 72 часа

January 10, 2020 17:41
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарското обвинителство го обвини министерот за заштита на животната средина Нено Димов дека намерно лошо раководел со кризата настаната заради рестрикциите со вода во градот Перник, на западот од Бугарија.

Бугарската Влада претходно денеска соопшти дека премиерот Бојко Борисов ја прифатил оставката на Димов, кој претходната ноќ ја минал во притвор заради рестрикции на водата и за увоз на отпад, пренесоа британските медиуми, јавува МИА.

Обвинителството наведува дека Димов не презел соодветни мерки за да се спречи сушењето на браната од која Перник и околните села се снабдуваат со вода, иако примил бројни предупредувања и извештаи за намалување на нивото на водата.

„Околу 97.000 жители нема да имаат нормален пристап до вода за пиење во следните пет месеци. Тоа е најголемата штета“, изјави главниот обвинител Ангел Канев и додаде дека Димов дозволил индустриските корисници да се снабдуваат со вода од браната иако уште во 2018 година бил информиран дека нивото на водата почнало да опаѓа.

Заради кризата со снабдувањето со вода која трае околу два месеца и која погоди околу 100.000 жители, организирани се бројни протести, а опозициската Социјалистичка партија бараше и гласање доверба за владата на Борисов.

Доколку Димов биде обвинет, му се заканува казна од осум години затвор.

Обвинителот кажа дека Димов и во следните 72 часа ќе остане во притвор. Тој претходно ги негираше сите обвинувања.

Инфраструктурата за снабдување на Перник со вода не е обновена повеќе од 50 години заради што градот има загуби од 70 отсто од водата за пиење.

Next Post

МВРО-ВМРО во обид да се реинсталира и амнестира преку техничката влада

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk