Македонските граѓани плаќаат најевтини основни намирници од земјите на Западен Балкан (нема податоци за Албанија), според инфографикот на Радио Слободна Европа.

Од она што може да се забележи, просечната малопродажна цена на маслото за јадење во Македонија е 1,5 евра, килограм брашно е 0,60 евра, а просечната цена на шеќерот е 0,65 евра.
Во Србија трите основни намирници се поскапи отколку во Македонија, потоа доаѓаат БиХ, Косово, па Црна Гора.
Според претставените податоци на инфографикот, во Хрватска се најскапи малопродажните цени на основните намирници.
Ј. Ѓ.







