ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Кој ќе одговара за воените злосторства во Украина?

March 5, 2022 17:09
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Жарко Трајаноски

Жарко Трајаноски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

На 24 февруари 2022, кога Путин ја започна руската агресија врз „братска“ Украина, во македонските медиуми се појави едно „ексклузивно“ интервју со рускиот пропагандист Валериј Коровин, претставен како „Директор на Центарот за геополитички истражувања“. Рускиот „геополитички“ пропагандист, дента кога започна руската воена инвазија, прорече дека „Армијата на Русија за 10 дена ќе ја уништи украинската армија како и паравоените нацистички организации, и ќе воспостави контрола над целата Украина“.

По 10 дена, можеме да констатираме дека ова пропагандно „пророштво“ не се оствари, како ни пропагандните пророштва на македонскиот автор на интервјуто кој објави најмалку 100 дезинформации во врска со руската инвазија врз Украина.

Во првото пропагандно интервју, објавено и на сајтот на „Левица“ Антропол, се тврдеше дека „Герилска војна не е можна, бидејќи според нашите социолошки истражува вршени пред 1 година на Украина, само 30% од населението на Украина е готово да војува“.

Овие 10 дена ги демантираа руските „социолошки истражувања“, зашто Украинците убедливо демонстрираа волја да ја бранат својата нападната татковина, па и со герилски методи, како што е употребата на „Молотови коктели“.

Исто така, во пропагандното интервју, Коровин тврдеше дека „…факт е дека во Источна и Јужна Украина, мнозинството население е проруско, и дека ќе ја дочека руската армија како ослободител“. Уште една пропагандна бламажа на руските пропагандисти. За овие десет дена видовме дека мнозинството население во нападнатите Источна и Јужна Украина е проукраинско. Руската армија не беше дочекана како ослободител, туку како окупатор. За тоа сведочат и денешните протести во Херсон, единствениот поголем град освоен од руската армија, каде што масовно се протестираше против руските окупаторски војски.

Што да се каже после десет дена руска воена агресија и пропаганда? Пропагандистите на Путин комплетно се избламираа, не само тие кои тврдеа дека „Зеленски е веќе минато и не е фактор“, туку и сите кои ја оправдуваа руската окупација како „ослободителна“ и „мировна“ операција, која не била насочена против цивили и цивилни цели.

За овие 10 дена сите тие пропагандни лаги потонаа во кал, заедно со пропагандистите кои ги ширеа. Погледнете ја само снимката од ова разрушено градче во Киевската област, за да ви стане јасно дека руската војна не е ниту „ослободителна“, ниту пак „мировна“ операција, и дека е насочена против цивили и цивилни објекти во кои повеќе не можат да живеат луѓе.

По 10 дена руска агресија, станува очевидно дека во Украина се извршени бројни воени злосторства и разурнувања на згради и други цивилни објекти. Станува сосема јасно дека некој ќе треба да одговара на суд за тешките повреди на меѓународното право и за хуманитарната катастрофа која предизвика смрт на голем број цивили, илјадници ранети, и над милиони бегалци.

Одговорноста за воените злосторства во Украина не треба да се лоцира само кај Путин и неговите генерали и војници кои наредуваат гранатирање и пукање во цивили, згради и куќи. Одговорни се и воените пропагандисти кои со дезинформации се обидуваат да ја оправдаат руската агресија врз Украина и да ги минимизираат и негираат воените злосторства.

Next Post

Турски милијардер заинтересиран за Челзи

Shortcut

Најново

Средба Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

October 2, 2026
Урсула фон дер Лајен (фото: facebook.com/eudebates.tv)

Што ќе донесе Фон дер Лајен денеска во Скопје, а што ќе ѝ понуди Мицкоски?

October 2, 2026

А бе стока народ сме!

October 2, 2026

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk