МВРО влезе во акција. Секој ден, партиските министри на ВМРО-ДПМНЕ предизвикуваат најмалку по еден скандал. Најновиот доаѓа токму од МВР, министерството кое самата министерка Јанкуловска своевремено си го нарекуваше МВРО.
Тоа што требаше да биде технички министер за внатрешни работи од ВМРО ДПМНЕ, Наќе Чулев, денеска донесе уште една, најблаго кажано, нелогична одлука.
Од извори во МВР дознаваме дека, веднаш по спорните одлуки за кадровски промени во министерството, тој продолжува да го оневозможува нормалното функционорање на министерството. Негов најнов „бисер“ претставува обезбедувањето на техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Како што дознаваме, Чулев издал наредба да се одземат неколку возила кои ги користи службеното обезбедување на Спасовски за тие возила да може да ги користи токму неговиот кабинет, на позицијата што законски е предвидена да трае 100 дена.
Оваа е само уште една порака која ги покажува приоритетите на овој „технички“ министер кој, веројатно, мисли дека со неговото назначување, повторно работи во МВРО. Од до сега приложеното, станува јасно дека најважно му е да спроведе повторна партизација на безбедносните служби и да обезбеди возила за својот кабинет.
Еднаш МВРО, секогаш МВРО…