ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Фокус: Семејството на Данела Арсовска поседува недвижнини од 3.500 квадратни метри

March 7, 2022 18:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопската градоначалничка Данела Арсовска официјално стапи на функција на 8 ноември, а имотната состојба ја пријавила еден месец подоцна – анкетниот лист што таа го поднесе до Антикорупциската комисија по стапување на функцијата беше скромен, имајќи во предвид дека навела два помали стана од 38 и 42 метри квадратни во скопски Ѓорче Петров, гаража, автомобил и банкарски депозити.

Но, официјалната документација од Катастарот на недвижности што ја обезбедивме покажува дека нејзиното семејство поседува голем недвижен имот составен од куќи, хотели и згради, кој Арсовска не го пријавила во анкетниот лист, затоа што се води на име на член од семејството со кој не живее во исто домаќинство, пишува Фокус.

Имотните листови откривааат дека таткото на Арсовска, Ванчо Јовановски поседува недвижен имот од вкупно над 3.500 квадратни метри.

Тој поседува куќа во Кисела Вода со двор од 719 квадратни метри, како и стан во населбата со површина од 115 квадратни метри. Преку имотниот лист со број 30005, на Јовановски му е впишана сопственост врз недвижен имот од 534 квадрати, исто така во Кисела Вода, каде на иста адреса е лоциран и хотелот „Империјал“. Од друга страна, имотниот лист со број 44553 покажува и сопственост на станови во три различни објекти со вкупна површина од 619 квадрати, со тоа што во оваа квадратура не влегуваат помошните, подрумскиот простории и заедничкиот простор, пишува Фокус.

Инаку, Јовановски своевремено бил инспектор во МВР, а денес поседува компании каде претходно сопственик или управител била неговата ќерка – актуелната скопска градоначалничка Арсовска. Нивната семејна бизнис кариера почнува пред повеќе од 15 години, кога почнува и официјално со работа компанијата „Ројал Груп“, која е основана на 25 јануари 2008 година. Но, податоците од Централниот регистар говорат дека како прв сопственик на компанијата се јавува токму Арсовска.

Извор: Слободен печат

Next Post

Џонсон рече дека Европа не може само да престане да користи нафта и гас

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk