ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Делчево усвоена стратегијата за надворешна комуникација на општината

Во своето излагање пред советниците, претставникот на општината Делчево, Даниела Такева, истакна дека со оваа стратегија Општина Делчево ќе биде прва општина од крајниот исток, која стратешки ќе работи на полето на надворешната комуникација. -Документот ги содржи сите елементи по кои институцијата треба да се движи во поглед на одржување комуникација кон надвор, заедно со краток дел за кризна комуникација кој е од суштинско значење кога се имплементираат односите со јавноста, истакна Такева

January 11, 2020 13:14
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Делчевските советници на првата седница во 2020 година ја усвоија стратегијата за надворешна комуникација за период 2020-2024 година, пренесе МИА.

Во своето излагање пред советниците, претставникот на општината Делчево, Даниела Такева, истакна дека со оваа стратегија Општина Делчево ќе биде прва општина од крајниот исток, која стратешки ќе работи на полето на надворешната комуникација.

-Документот ги содржи сите елементи по кои институцијата треба да се движи во поглед на одржување комуникација кон надвор, заедно со краток дел за кризна комуникација кој е од суштинско значење кога се имплементираат односите со јавноста, истакна Такева.

Оваа стратегија како што додаде го дефинира системот на пренесување јасна порака до целните јавности.

-Целта е да се обединат сите комуникациски ресурси и комуникациски капацитети на Општина Делчево, со што ќе се воспостави контрола врз начините на комуникација, ќе се мерат резултатите од самата комуникација и ќе се обезбеди планско и ефективно надминување на клучните слабости и недостатоци во делот на односите со јавноста, додаде Такева.

Во рамки на првата седница во 2020 година, советниците ја усвоија и годишната програма за промоција и комуникација со јавноста за 2020 година во која е имплементиран и дел од акцискиот план кој е составен дел од Стратегијата за надворешна комуникација.

Next Post

Утре почнува Вевчанскиот карневал - „Напрај се Василичар“

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk