Маријана, жената која беше симбол на бомбардирањето на детската болница во Мариупол, ја роди малата Вероника. Заедно се, прегрнати. Зрак светлина и надеж во еден од најтемните моменти. И пред варварството на оние кои не можеа да застанат ниту пред најневините. Честитки, Маријана. И добредојде на свет Вероника, и покрај сѐ, објави на Фејсбук италијанскиот политичар, Марко Фурфаро.
По бомбардирање на детската болница во Мариупол од руски авиони пред два дена беа повредени 17 лица (деца, жени, лекари), тројца загинала, меѓу кои едно дете – девојче“, објави Врховната Рада на Украина на Твитер.
Многу медиуми ја објавија лажната вест што на Твитер ја објави Руската амбасада во Обединетото Кралство, дека немало бомбардирање на детската болница во Мариупол и дека сите фотографии и снимки со бремените жени, се всушност одглумени.
И. З.