ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Диносаурус кој заборавил да изумре

March 12, 2022 09:15
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Какво е ова дрезденско уништување на градови?

Што гадот го вика Специјална операција за денацификација?

Не е ли тоа излет на кој Путин пржи ражничи од  украинско месо?

Од Украинки и Украинци како свежо месо?

Во прекрасната украинска природа.

На жешките цевки на своите тенкови.

Во директни телевизиски преноси?

Па, нели е ова, сепак, 21 век.

Нели беше време, ако не да се исклучи војувањето, да се води различно од тоа пред осумдесет години.

Или од тоа пред сто и кусур години.

Тенкови, еј!

Уништувањето на Украина и нејзините луѓе со тенкови, термобарични бомби, крстаречки ракети, касетни бомби и распрскувачки мини, демек ткаењето на тепих од илјадници жртви, како густи јазли во кремаљската черга на лудоста, тоа е како Путин да оди со Катарпилар на Лебедово езеро во Баљшој театар и со огромната шепа на багерот да ја набива Маја Плисецкаја во тесните процепи меѓу даските што живот значат.

Како да шета со Ролсот низ Црвениот плоштад и ора бразди за садење на марули и шеќерна репка.

Сопирајќи одвреме-навреме за да му каже на народот дека Специјалната операција се одвива специјално успешно.

Затоа е и продолжена.

А кога ќе заврши не се знае.

Како животот на Ѓекна.

Како да ги тера Песков и Лавров да серат на долгата маса во Кремлин, па нарачува три прибори за јадење.

И јаде последен.

Или не јаде.

Ако на устата на Сергеј во двогледот види бела пена.

Во сите украински сталингради, Русите ја играат улогата на хитлерските единици во славната битка од пред осумдесетина години.

Го уништуваат и споменот за себе.

Својот војнички, културен, историски и морален код.

Убивајќи ги Украинците, Путин ги уби Русите.

Во поим.

Хахаха!

Лавров рекол дека сѐ што е убиено и разурнато во Украина е украинско масло.

Тие не ја нападнале Украина.

Како да го слушам Слободан, јебо га бог га јебо.

Русија е тука да ги крене од мртвите славните јунаци, како во македонската химна.

И да го изгради тоа што „дрогираните нацисти“ на Зеленски и НАТО, го уништиле.

Вика остарениот, пропаднатиот и уништениот министер.

Кој делува тажно и смешно.

А беше интересна светска фаца.

Освен Украина, тој и неговиот шеф, уништија сѐ што стоеше зад нивната моќ, сѐ што светот го респектираше како извор на нивната моќт.

Се претворија во мечки затворени во своето дувло.

И специјалната пропаганда не е повеќе специјална затоа што тие купишта глупости веќе сме ги гледале.

По други поводи и кај други актери, но сме ги гледале.

Немаат сменето ништо во својата кретенска емисија.

Како би се чувствувала Америка кога Канада и Мексико би биле членки на некаков Руски пакт?

Владо Глигоров вика дека вистинското прашање во тој случај би било не како би се чувствувала Америка, туку како би се чувствувале Канада и Мексико.

Хахаха.

Зошто во однос на геополитиката Украина го сака тоа што го сака, а не тоа што Путин мисли дека треба да го сака.

Што направила Русија Украина да го сака тоа што ѝ го предлага Путин.

Мислам, што направила со себе.

Тоа е најважното прашање.

Освен што на секои шест месеци произведува нова генерација ракети.

Можеби повеќе би ја импресионирала со паста за заби.

Или чоколади.

Рошени.

Расиские рошени.

Русија се однесува како диносаурус кој заборавил да изумре.

И прави ‘ршум на терасата на која Украинците си го пиеја кафето.

И во нашите кафеа, што би рекла Гуревич, но тука неговиот танц се чувствува како земјотрес во кој се ниша спокојството на луѓето, па дури и начинот на нивниот живот, додека во Украина зверот гази и остава зад себе смрт.

Само смрт и ништо друго.

Путин не ја освојува Украина туку ја освојува смртта.

Украина како смрт која му се проектирала како визија.

Многу туѓи смртови.

Преку кои ќе дојде и до сопствената.

 


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

(ВИДЕО) Резников со повик до светот од круцијално значење : Време е, не се кријте зад паметните книги, нема да има слобода, нема да има утеха

НАЈНОВО

AI generated image

OpenAI и Google предупредуваат дека AGI ќе ја „уништи“ средната класа

September 1, 2025
Скриншот

Данил Медведев и тренерот Жил Сервара ја прекинаа осумгодишната соработка

September 1, 2025

Хамилтон по Големата награда на Холандија: Тежок резултат, но се движиме во вистинска насока

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фабрицио Романо: Донарума се пресели во Манчестер сити за 39 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk