Државата е заедно со граѓаните, секој ден, за сите нивни потреби. Тоа е особено важно во услови на глобална економска и воена криза. Со сет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра го штитиме стандардот на граѓаните и економијата, напиша на Фејсбук, Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.
Мнозинството пратеници во Собранието синоќа во особено брз рок ги изгласаа владините антикризни мерки за ублажување на ценовниот шок, предизвикан од високите берзански цени на нафтата и горивата.
Во услови на ваква економска криза Владата и Собранието покажаа на дело будност и посветеност на заштитата и поддршката на граѓаните.
Опозицијата нека ги следи овие чекори внимателно и следниот пат нека се одважи и нека застане со нас заедно во заштита на граѓаните. Ова се ситуации да се покаже единство и конструктивност, а не да се кочи и блокира, не да се бркаат партиски поени на грбот на граѓаните, во време кога им е најпотребна помош.





