ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Почна примената на антикризните мерки, пониски цени на основните производи и на горивата

March 12, 2022 13:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата, безоловниот бензин, дизелот, црвената нафта ќе се намалат како резултат на донесените мерки за намалување на ДДВ и акцизата, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими, а пренесе МИА.

Бесими апелираше граѓаните и стопанствениците да не веруваат во лажни вести, нагласувајќи дека сите мерки се преземаат навремено и нема дека нема простор за паника.

Одлуките донесени од Владата, а вчера изгласани во Собранието денеска стапуваат во сила, а практичната реализација по однос на цената на гориватапочнува од утре, додека за прехранбените производи тоа ќе биде во наредните денови.

Бесими ја поздрави конструктивната расправа во Собранието и заедничкото носење на законите, кои се важни за економијата, стандардот на раѓаните и најранливите категории.

– Одлуките се веќе објавени во Службен весник, како што се и измените на законите. Со тоа се исполнети сите услови за овие одлуки да стапат во сила, изјави Бесими.

Тој нагласи дека законските измени предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството.

Бесими ги наведе антикризните мерки кои ќе се применуваат.

– Стапката на ДДВ за основните производи за човечка исхрана е намалена од 5 на 0 проценти до крајот на мај. За да има позначаен ефект оваа мерка ќе се спроведува со паралелна наредба на замрзнување на маржите за некои производи. Повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата се продолжува до крајот на 2022 година. Стапката на ДДВ при промет на енергенсите се намалува од 18 на 10 проценти. Се намалува акцизата на бензинот за 1 денар, дизелот за 2 денари и екстра лесното за 4 денари, посочи министерот за финансии.

Фискалната импликација за три месеци колку што траат мерките е околу 1,7 милијарди денари, додека за електричната енергија е вкупно 2,7 милијарди денари на годишно ниво.

– Донесовме мерки кои чинат околу 400 милиони евра за Буџетот. Сто милиони се откажување од приходи, а околу 400 милиони се директни расходи насочени кон кризата. Дел се предвидени, а за дел се прави пренамена. Ликвидноста на буџетот останува стабилна. Економскиот импакт од мерките се очекува да биде над 500 милиони евра, изјави Бесими.

Тој ги повика граѓаните и стопанствениците да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет, посочувајќи дека Владата е транспарентна и навремено информира за сите случувања.

Next Post

Волонтери, жени и мажи од Одеса, положија воена заклетва за одбрана на Украина

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk