ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Леталото што се урна во Загреб најверојатно носело експлозив, пронајдена црната кутија

Се верува дека дронот пристигнал од Украина преку Романија и Унгарија.

March 12, 2022 22:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Попладнево е пронајдена црна кутија од остатоците од дронот што се урна во Загреб. Таа е делумно оштетена, но треба да даде податоци за летот и работата на ракетниот мотор, изјави за ХРТ, бригадниот началник на Одделот за воена полиција на Генералштабот на ЗПР, Владо Ковачевиќ, пренесе Макфакс.

„Пристапивме до истрагата, но многу внимателно, како да правиме операција на очите. Имавме заглавувачи – електричен кабел во непосредна близина, големо дрво чии корени беа длабоко во земјата паралелно со авионот, а дополнително се претпоставуваше дека може да се работи за експлозивна направа сè уште во трупот. Најважно – се извлековме и дојдовме до безбедносната кутија, т.н. црна кутија – од неа ќе се дознаат дел од податоците врз основа на вештачење“ рече Ковачевиќ.

Тој истакна и дека се сомнева дека во авионот има експлозив.

„Можеме да претпоставиме дека авионот носел експлозивна направа, еден дел од фрагментите укажуваат на тоа, но сето тоа ќе го видиме“ рече Ковачевиќ и објасни дека кога леталото е за шпионски или разузнавачки цели, експлозивот не се користи, па затоа се претпоставува дека имало друга цел.

Тој вели дека во читањето на кутијата ќе бидат вклучени воени експерти од авијацијата, ќе бидат вклучени и експерти од Машинскиот факултет и научници, а не е исклучена соработката и со земји партнери кои имаат искуство во тоа.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска најави дека ќе соработува со хрватските власти за утврдување на фактите за падот на дронот во Загреб.

Претходно Пленковиќ побара од Столтенберг да спроведе истрага за летот на НАТО и падот на дронот на хрватска територија.

Се верува дека дронот пристигнал од Украина преку Романија и Унгарија.

Next Post

Чешка бара помош од ЕУ за украинските бегалци

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk