Објавата на Левица дека е уапсен член на советот во општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ е класична дезинформација и лажна вест. Одговорно тврдам не сум приведен и немам сторено ништо противзаконски и против мене нема покренато кривична пријава. Уште еднаш потенцирам дека нема вистина во објавата и доколку не добијам извининување во најкраток рок ќе поднесам тужба за клевета и навреда, пишува во објавата на Фејсбук на советникот од редовоте на СДСМ во Општина Ѓорче Петров, Мартин Трајковски.
Претходно, Левица на својата Фејсбук страницата објави пост од Црвена младина за Трајковски, а тој потоа беше навредуван и дискредитиран на сите социјални мрежи.
Објавата и натаму стои на социјалните мрежи и под истата има навредлеиви коментари.