ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Украинските уметници силно го бранат духот на уметноста и слободата

„Нашиот план е да останеме во Киев и да се обидеме да бидеме од помош. Утре ќе даруваме крв за украинските војници. Претпоставувам дека нема да ни биде лесно, но ... режимот на Путин ќе се распадне“, „Ние ќе бидеме сведоци“.

March 24, 2022 09:54
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, СВЕТ, УМЕТНОСТ
Share on FacebookShare on Twitter

Еден месец од почетокот на војната. Украина е борбена и силна и со сите сили пробува да се бори за секоја своја педа земја. Руската нехуманост и гранатирање на цивилни мети продолжува од ден на ден, но украинскиот дух и желбата за слобода ниту еден куршум не може да ги пробие.

Иако се срушени веќе историски згради, разурнати цело градови, прав и прашина има дури и низ улиците на Кијив, сепак уметниците застануваат заедно рамо до рамо со војниците и се борат за својата татковина.

Во овие месец дена врвни личности од модерната уметност на Украина ги положија своите животи, за својата татковина и за слободата.

Еден од нив е и талентираниот украински актер и ТВ водител Паша Ли кој е убиен во битка додека руските сили го бомбардираа градот Ирпин во близина на главниот град Кијив.

Ли (33) се пријавил за територијалната одбрана на Украина во првите денови од војната.

Тој се појавил во неколку филмови, а неговиот глас беше прикажан во украинските верзии на Кралот Лав и Хобитот.

Тој е еден од многуте јавни личности убиени во руската инвазија.

Истражувачкиот новинар Виктор Дудар бил убиен на линијата на фронтот за време на битка со руските војници во близина на јужниот град Миколаев, пишуваат украинските извештаи.

Павло Ли, како што беше формално познат актерот, е роден на Крим во 1988 година и неодамна почна да прикажува шоу на Дом ТВ, украински канал првично наменет за публиката во источните области заземени од сепаратистите поддржани од Русија во 2014 година.

Паша Ли, на фронтот во Украина

Додека некои го оставаат животот на улиците и остануваат силно врежани во светската историја други пробуваат на било каков начин да ја доближат вистинската слика и она што навистина се случува на улиците во Украина.

Емотивен момент неделава се случи на Берлин Моден Викенд: со украинскиот моден дизајнер Жан Гритсфелд кој е во Кијив и не може да го напушти градот, волонтерите скокнаа и за кратко време ја ресоздадоа неговата колекција на модната писта за да покажат дека тие стојат заедно до Украина.

Во светло на војната во Украина, модните недели изгледаат безначајни, ако не и несериозни. А сепак украинскиот дизајнер Жан Гритсфелд успева да ја даде изјавата за својата ревија на берлинскиот Крафтверк во моментот додека колекцијата се прикажуваше, неговата порака допре до срцата на многу гледачи.

„Денес не е време да се зборува за модата, туку преку модата“, рече Жан Гритсфелд во снимената видео порака од украинскиот главен град Кијив на почетокот на шоуто. „Денес не ја прикажуваме новата сезона, денес не покажуваме нов изглед, бидејќи ако сте во засолниште, или во подрум, никому не му е грижа што носите“.

Украинскиoт уметник Макс Кидлеров пак одбира да ги претвора напуштените руски тенкови во уметност на отпор

“Кога не можете да купите уметнички материјали, изгорените тенкови го прават „најдоброто платно“, вели Макс за интервју на CBC

„Целиот мој живот пред војната беше само сликање“, вели тој. „Од почетокот на војната, продолжувам да создавам и правам некои добри работи [за] луѓето бидејќи луѓето навистина полудуваат во градот поради [хуманитарната] катастрофа.

Макс Килдеров, уличен уметник во украинскиот град Нова Каховка, окупиран од Русија, прави огнена топка со конзерва со боја за прскање и запалка додека позира пред напуштениот руски тенк што го претвори во уметност

Во Националниот музеј во срцето на Лвив пак каде што се наоѓа „секое последно парче уметност и наследство“, е симнато и скриено поради стравувањата дека руските воздушни напади би можеле да го оштетат и уништат овој важен објект и со тоа да ги уништат историските важни уметнички дела на Украина.

Луѓето во Украина наместо да бегаат и да се кријат, до последен здив се обидуваат да го заштитат културното наседство што го имааат, пробуваат со сите сили да се борат за својата слобода, историја и независност.

Дел од скулптурите кои се значајни низ градовите веќе се покриени со вреќи за да не бидат уништени, покриен е и Театарот во Одеса кој има исклучително историско значење.

По гранатирањето на големиот театар во Мариоупол, италијанската влада застана во одбрана на уметноста и рече дека тие ќе го реставрираат тој култен уметнички и историски објект.

Некои уметници остануваат и да ги развеселат и разведрат луѓето, со своите вештини.

Од пеење во бункери, оркестри на улици, до мали девојчиња со жар во очите за подобро утре – Украина секојдневно ни покажува како не треба да се падне со духот и како и после сите ужаси, умирања и страдања – уметноста, добрината и убавината ќе го спасат светот.

Неодамна на Јутуб се појави видео од млад виоленчелист кој повикува на обединување и бара помош и спас за неговиот град.

Јас се викам Денис Карачевцев, јас сум виолончелист и граѓанин на Харков. Го сакам мојот херојски град кој сега се бори да ја преживее војната. Длабоко верувам дека можеме да помогнеме. Верувам дека можеме да го обновиме и обновиме нашиот град и нашата земја кога војната ќе заврши. Го започнувам мојот проект Јас по улиците на Харков за да соберам средства за хуманитарна помош
и реставрација на градската архитектура. Ајде да се обединиме заедно да го оживееме нашиот град!

„Јазикот е убав како овој свет. Значи, кога некој ќе ви го уништи светот, јазикот го одразува тоа“, вели украинската поетеса, сценаристка и новинарка Љуба Јакимчук.

Иако Јакимчук е засолнета, таа продолжува да го користи својот глас. Поетесата неодамна присуствуваше на виртуелно поетско читање каде што ја сподели својата работа, како и суровата реалност на нејзината моментална ситуација – како е да се биде разбудена од експлозии во 4 часот наутро.

„Нашиот план е да останеме во Кијив и да се обидеме да бидеме од помош. Утре ќе даруваме крв за украинските војници. Претпоставувам дека нема да ни биде лесно, но … режимот на Путин ќе се распадне“, рече таа во неодамнешното интервју за CBC. „Ние ќе бидеме сведоци“.

На 22 февруари, украинско-рускиот уметник Аљоша стоеше гол пред споменикот на татковината во Кијив. Само два дена пред инвазијата, Аљоша го изведе ова дело како антивоен протест. Споменикот е еден од ретките преостанати симболи на советскиот комунизам во Украина.

Аљоша на својата веб-страница напиша: „Страдањето и војната мора да се прекинат!

Аљоша стои гол пред споменикот на татковината во Киев

Украина секојдневно ни покажува и докажува како треба да се брани и сака слободата, како со последните алвиоли треба да се зема здивот и како мирното небо и полето со сончогледи немаат цена.

Впрочем Украина е доказ дека големината на луѓето доаѓа во сите форми – и дека во време на криза, сите сме еднакви и само едно е важно – Да продолжиме да дишеме под мирно небо!

Слобода за Украина!

 

Владанка Крстевски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk