ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Македонско-бугарската работна група со фокус на снабдувањето со природен гас

March 25, 2022 15:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Булгартранс гас“ да разговара за обезбедување дополнителни количини природен гас, но и да се разгледа можноста за резервирање капацитети за Северна Македонија во складиштата кои се на територијата на Бугарија, договори на денешниот состанок македонско-бугарската Работна група за инфраструктура, транспорт и енергетика помеѓу Северна Македонија и Бугарија, пренесува МИА.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, на 6-ти или 7 април треба да се одржи состанок меѓу националните енергетски компании од двете земји за да се утврдат деталите и да се забрза процесот.

Неговиот бугарски колега, министерот за енергетика Александар Николов не откри дали Бугарија ќе го продолжи договорот за набавка на природен гас со „Гаспром“ кој истекува на крајот на годинава, а од кој зависи и снабдувањето на природен гас во земјава, но гарантира дека Северна Македонија сепак ќе биде снабдена со овој енергенс. Пораката на Николов е дека мора да се размислува за алтернативни начини кои ќе овозможат снабдување со природен гас, за да се минимизира зависноста од Русија.

 

Како долгорочно решение за набавка на гас во земјава, на денешниот состанок беше разговарано и за продолжување на интерконекторот Петрич – Струмица до ТЕЦ Неготино преку ревидирање на посточеката студија.

Според Бектеши, уште едно долгорочно решение е и нашето учество во терминалот во Александропулос.

-Со менаџментите на енергетските компании од двете страни ги разгледавме можностите за забрзување на проектите имајќи ја предвид енергетската криза. И претходно имавме одлична соработка во енергетскиот сектор, но нема да застенеме тука. Ќе продолжиме со дополнителни проекти, за двете држави да имаат бенефит од инвестициите. Разговаравме за реализација на Меморандумот за поврзување на пазарите на Северна Македонија и Бугарија. При крај  е постапката за воспоставување организиран пазар и компанија која тоа ќе го направи во земјава. До крајот на годината постапката треба да заврши, а во почетокот на годината кога ќе имаме организација на домашен пазар, ќе се поврземе со Бугарија, а тоа ќе го прошириме преку различни инвестиции, како што е интерконекторот со Бугарија и со другите соседи, рече Бектеши на заедничката прес-конференција.

Многу е важно, додаде, да се поттикне и соработката во делот на Коридорот 8, не само во патната и железничката инфраструтура, туку и во енергетскиот сектор.

 

-За интерконекторот Петрич – Струмица се договоривме да се ревидира студијата зашто претходната предвидела да имаме до Штип маркет тест, но тоа ќе го направиме до ТЕЦ Неготино зашто преку ЕСМ се преземени соодветни мерки за да имаме дополнителен капацитет за производство на електрична енергија од природен гас. Тој интерконектор во иднина би можел да биде снабдувач на тој капацитет кој најверојатно ќе биде голем, рече Бектеши.

Во однос на кризата поради руско-украинскиот конфликт, земјава, подвлече министерот, останува цврсто на одлуките што ги носи ЕУ.

-Со Бугарија, како членка на Унијата, ги разменуваме сите информации и начини за подобро да се справуваме со енергетската криза и со новата ситуација од конфликтот во Украина. Стоиме цвстро зад заложбите за спроведување што повеќе проекти посебно со Бугарија. За тоа е направен одреден патоказ што ги дефинира роковите, преку компниите, институциите, вакви директни состаноци и отворени транспарентни постапки ќе реализираме се што е и што ќе биде договорено, дополни Бектеши.

Министерот Николов е дециден дека двете земји ќе се справат со предизвиците.

-Во тешки времиња се гледа кои се вистинските пријатели. Има големи можности, но ризиците мора да се следат. Бугарија и е на располагање за помош на Северна Македонија, не само од технички аспект, туку и во делот на инфраструктурата, истакна Николов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шаќири: Унапредување на образованието на мајчин јазик за учениците од помалите етнички заедници е еден од приоритетите на МОН

НАЈНОВО

Меџити најави бесплатни униформи и дневни оброци за сите ученици од основно образование

October 13, 2025

МОН: Дополнителна можност за сместување во студентски домови каде што има слободни места

October 13, 2025

Османи: Преку европски фондови обезбедуваме историски буџет за реконструкција на фасадите во Чаир

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk