Граѓаните на Северна Македонија од вчера имаат можност да се приклучат на петицијата „улица Украинска“ со што би ги поттикнале градските власти да ја преименуваат улицата Пиринска, на која се наоѓа Амбасадата на Руската Федерација во Скопје, во улица Украина, соопшти Амбасадата на Украина.
„Ова би бил симболичен чин на поддршка за украинскиот народ, кој ја брани својата независност во војната што ја започна Русија“, нагласија од Амбасадата на Украина.
Кампањата „улица Украинска“ го повикува целиот свет да ја направи Украина дел од нејзините главни градови и ја смета оваа иницијатива како многу моќен начин за одговор на обидите на Русија и Владимир Путин ефикасно да ја поништат Украина и украинската култура.
„Живеејќи далеку од Украина понекогаш е тешко да се открие начинот на кој може да се пружи поддршка на народот врз кој е извршена инвазија. Сепак, има едно нешто кое може да се направи, а тоа е да се поддржи кампањата за преименување на улицата Пиринска во улица Украинска“, наведено е во петицијата.
извор: МЕТА