ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Хулм: Важен е развојот на Северна Македонија по европскиот пат и за Западен Балкан и за ЕУ

March 31, 2022 12:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, се сретна со Мелани Хулм, државна министерка за Европа и меѓународни односи на покраината Баварија при Сојузна Република Германија, информираат владините служби.

На состанокот е констатирано дека е од големо значење Република Северна Македонија да направи исчекор во европските интеграции, бидејќи пандемијата и посебно војната во Украина покажаа дека е важно државите во Европа да дејствуваат заедно, а дека местото на Западен Балкан е во ЕУ.

Во таа насока нагласена е важноста – Република Северна Македонија да го продолжи развојот по европскиот пат.

Во новата Влада на Република Северна Македонија и во премиерот Ковачевски, како што е оценето, се гледа насоченост кон развојот на државата.

На средбата е разговарано и конкретно, за унапредување на односите помеѓу Северна Македонија и Баварија, преку активирање на формираната Мешовита меѓувладина комисија, со фокус на економијата, правдата, младите и дигитализацијата и иновациите.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност за поддршката на нашата држава на европскиот пат и за заинтересираноста од Баварија за поддршка на развојот на капацитетите во посочените области.

Тој посочи и на фокусот на Владата кон надминувањето на предизвиците со грижа за граѓаните и државата.

„Во односите на Северна Македонија и Бугарија, со премиерот Петков поставивме логичка рамка на разговори на принципиелно ниво. Ја споделуваме визијата за напреден Балкан, пример за европски просперитет, а не за конфликти и одржувањето на ова ниво на комуникација, со волја од двете страни, може да донесе решение. Ние силно ја осудивме воената агресија во Украина, ги усогласивме целосно нашите политики со политиките на НАТО и на ЕУ, што е веќе поздравено оттаму, се справуваме со енергетската и економската ситуација според новонастанатите околности и сметаме дека со тоа Република Северна Македонија покажа дека практикува европски вредности и нашето место е во ЕУ“, рече премиерот Ковачевски на средбата со баварската министерка за Европа, Хулм.

Next Post

Гир: Врховниот суд на Северна Македонија е пример за успешна приказна

Shortcut

Најново

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk