ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Гир: Врховниот суд на Северна Македонија е пример за успешна приказна

March 31, 2022 12:48
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Врховниот суд на Република Северна Македонија, според шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, е успешна приказна и пример за работа која има одличен учинок и ја зајакнува сопствената улога како клучна судска институција, пренесува МИА.

Амбасадорот Гир, во својот говор по повод одбележување на 31 март „Денот на правосудството”, организиран од на Здружението на судиите на Севена Македонија додаде дека исто така, добри вести доаѓаат и во однос на спроведувањето на стратегијата за судски реформи 2017 – 2022, каде има значаен подобрување на законската рамка околу работатa на судството. Меѓутоа амбасадорот Гир, истакна дека сепак, има многу што да се направи за судството да го задоволи и најгласниот критичар, општата јавност, за да ја придобие нејзината доверба и почит.

Некои од овие предизвици може преку практични чекори да се решат во краток рок, како решавањето на прашањето на платите на судиите и подобрување на нивните материјални услови за работа, целосно спроведување на буџетот доделен на судството, чекори кон унапредување на процесот на дигитализација како најдобар гарант за транспарентност и непристрасност, строгото применување на подзаконски акти и методологии од правосудството и забрзување на примената на стратегијата за човечки ресурси за судовите и обвинителствата, рече Гир.

Како загрижувачки факт Гир, ја потенцира ситуацијата со тоа што над 60 судии ќе се пензионираат до крајот на годинава, чекор на кој не му претходела здрава анализа или проекција на ефектот и кој може да се преразгледа додека да се обезбедат соодветни податоци и да се преземе дејство врз основа на стратегијата за човечки ресурси.

Другите важни реформски чекори бараат посветеност и упорност. Би ја подвлекол потребата за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители да бидат одлучни во зајакнувањето на независноста и професионалноста на правосудството, односно правосудството да биде ослободено од партиски, политички, финансиски и други надворешни влијанија, рече Гир.

Новата стратегија за правосудна реформа 2023 – 2027, која се подготвува според амбасадорот Гир е важно да се оформи согласно клучните вредности: независност, непристрасност, интегритет, еднаквост, компетентност и истрајност и совесност.

Next Post
Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Тренчевска: Со унапредување на студиските програми, воспитувачите ќе се стекнат со потребните вештини и знаења за воспитување и образование на децата

Shortcut

Најново

Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

МТФ „Војдан Чернодрински“: Менталното здравје на театарџиите под лупа, младите режисери дебатираа за современиот театарски јазик

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk