ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Со унапредување на студиските програми, воспитувачите ќе се стекнат со потребните вештини и знаења за воспитување и образование на децата

March 31, 2022 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска учествуваше на презентацијата на Предлог – студиска програма за иницијално образование на воспитувачи. Во дискусијата за унапредување и поттикнување на раниот детски развој и способностите на децата за учење, учествуваа министерот за образование Јетон Шаќири, универзитетски професори од Педагошките факултети во земјава, претставници на МТСП и на Светска Банка.

Според министерката Тренчевска со развивањето на вештините во раното детство се воспоставуваат темелите за учење во текот на живот а со тоа и постигнување на успех на пазарот на трудот.

„Интервенциите во раното детство ги зајакнува способностите на децата за учење, соработката со другите, трпеливоста и развивање на други вештини кои се основа за формалното учење и социјалната интеракција во училиштето и надвор од него. Интервенциите уште во раниот детски развој нудат ретка можност да се инвестира во нешто кое е во исто време и исплатливо и праведно. Исплатливо во смисла на тоа дека има можност на овој начин да се добие квалификувана и способна работна сила во иднина. Праведно во смисла, дека ваквата интервенција дава најдобри резултати за децата кои живеат во неповолни услови и немаат соодветна стимулација. Ова е најсоодветен начин за излез од кругот на сиромаштијата, рече министерката Тренчевска.

Според Тренчевска за таа цел треба да се инвестира и во професорскиот кадар на педагошките факултети, за да можат да  овозможат квалитетно и модерно образование за идните воспитувачи на деца.

„Покрај зголемување на капацитетите во предучилишните установи паралелно работиме на унапредување на сите области кои влијаат на успехот на децата. Усогласување на студиските програми за иницијално образование на воспитувачите е особено важно за да се осигураме дека сите деца кои посетуваат предучилишни установи добиваат ист квалитет на услуги. Затоа очекувам заедно со универзитетските професори од оваа област, да ги унапредиме студиските програми за да  можат тие да овозможат, воспитувачите да се стекнат со потребните вештини и знаења за воспитување и образование на децата“, рече министерката Тренчевска.

Министерката нагласи дека Министерството за труд и социјална политика посветува големо внимание на зголемувањето на капацитетите за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и тоа преку изградба на нови објекти наменети за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст.

Next Post

МФ: Над 40 милиони евра поддршка за стопанството со бескаматни и поволни кредитни линии преку РБСМ, како дел од последниот пакет мерки

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk