ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

МФ: Над 40 милиони евра поддршка за стопанството со бескаматни и поволни кредитни линии преку РБСМ, како дел од последниот пакет мерки

March 31, 2022 12:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бескаматни и поволни кредитни линии се ставаат на располагање на компаниите, за да се поддржат во време на енергетска криза, како дел од последниот пакет мерки што го усвои Владата. Кредитните линии се воспоставуваат преку Развојната банка на Северна Македонија, за што Владата завчера на седница усвои информација и го задолжи министерот за финансии да ги потпише договорите со РБСМ за нивно администрирање.

Станува збор за три кредитни линии дизајнирани за поддршка на приватниот сектор.

Првата – Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании директно погодени од енергетската и економската криза преку директно кредитирање од РБСМ  во износ од 5 милиони евра, Втората – Бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички во вредност од 10 милиони евра  и Третата Кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички во износ од 10 милиони евра, но интенцијата и начинот на кој  се креирани овие кредитни линии, е покрај овие 25 милиони евра буџетски средства да генерираат дополнителни двојно повеќе средства и тоа над 40 милиони евра и со тоа да се даде позитивен импакт во економијата.

Кредитната линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза преку директно кредитирање од РБСМ, е наменета за микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци, занаетчии кои се од секторот производство на храна согласно шифрата на дејност. Важно да се напомене дека  крајните корисници ќе ги добијат средствата без камата, односно камата е 0 %, со шест месеци грејс период за отплата, притоа во зависност од времетрањето на отплатата предвидена e и грант компонента од 10% или 20%.

Преку бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси се обезбедуваат 10 милиони евра, за микро, мали и средни трговски друштва како и трговци поединци и занаетчии. Средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки кои ќе изразат интерес за учество, а кои ќе треба да учествуваат со 50 %, односно вкупниот ефект во стопанството да биде 20 милиони евра. Предвидено е банките да пресметуваат каматна стапка до 3,5% годишно за својот дел од кредитот (или просечно до 1,75% на вкупниот кредит), притоа истата кон деловните банки ќе биде целосно субвенционирана со што крајната каматна стапка за крајните корисници, односно компаниите, ќе изнесува 0%.

Третата кредитна линија наменета за  инвестиции во основни средства, односно енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) во износ од 10 милиони евра е наменета за микро, мали и средни трговски друштва, како и трговци поединци  и занаетчии и приватни здравствени установи. Ќе се пласира, исто така, преку комерцијалните банки при што 60 % од проектот ќе се кредитира преку оваа кредитна линија, додека 40 % од сопствени средства на инвеститорот или кредит од банката учесник. Услови под кои ќе се пласира кредитот кон крајниот корисник е отплата до 8 години со грејс период до 12 месеци за енергетска ефикасност и 12 години отплата со грејс период до 24 месеци за проекти за обновливи извори на енергија. Каматна стапка која банките учеснички ќе ја наплатуваат од крајните корисници е 1,6 % годишно.

Трите кредитни линии се дел од пакетот мерки на Владата кој  се конципирани во три насоки: да влијаат на цените на прехранбените производи, да влијаат на цените на енергeнсите и поддршка на ликвидноста на стопанството.

 

Next Post

Ученици од Прилеп и од Шабац редизајнираа стара облека

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk