„ЦИВИЛ ги осудува сите обиди за понатамошна политизација, негирање и манипулација со резултатите од пописот. Се работи за попис, статистичка операција што е исклучително важно за економскиот и општествениот развој на земјата. И ништо повеќе“, се вели во соопштението од ЦИВИЛ.
Ова е првата тема за која ќе стане збор во денешниот „Мулти-култи бриф“ на ЦИВИЛ. Брифингот е јавен и ќе се емитува во живо, на Фејсбук страната и Јутуб каналот на организацијата.
На брифингот ќе се објават и информации за другите активности во текот на изминатата недела што се дел од иницијативата на ЦИВИЛ „Чекор напред кон мултикултурно општество“.