ВМРО-ДПМНЕ денеска, како и многу пати до сега, изнесе низа невистини и манипулации. Прво, настанот за кој зборува ВМРО-ДПМНЕ се случил во месец април 2020 година кога министер за внатрешни работи е Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, а не Оливер Спасовски и доколку и има злоупотреба, треба да бараат одговорност од тогашниот министер Чулев, реагираат од Министерството за внатрешни работи.
„Што се однесува до конкретниот настан, ја информираме јавноста дека полициските службеници постапувале по добиена документација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат дека лицата ги прекршиле ковид протоколите и е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај изречен е налог против полициските службеници од Основен суд Скопје 1, но таа одлука е обжалена и се уште неправосилна“, велат од МВР.
ВМРО-ДПМНЕ изнесува невистини и во врска со затворањето на угостителските објекти, реагираат од МВР.
Нагласуваат дека МВР не затвора угостителски објекти туку постапува како асистенција на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, кои имаат надлежност да изречат мерка забрана за работа на објектите. Покрај тоа, ниту еден објект не е затворен доколку не го прекршувал законот.
„Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини.
МВР продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите“, се наведува во реакцијата од МВР.