Роботот направен од магнетна слуз со конзистентност налик на крем може да се движи по тесни премини и да фаќа предмети. Може да се распореди внатре во телото за да извршува задачи како што е враќање на предмети проголтани случајно, пренесува New Scientist.
Еластични роботи способни да манипулираат со предмети и роботи базирани на течност кои можат да се движат во тесни простори веќе постојат, но роботите што ги комбинираат двете својства се поретки.
Ли Џанг од кинескиот универзитет во Хонг Конг и неговите колеги измешале честички од неодимиумски магнет со боракс, вообичаен детергент за домаќинство и поливинил алкохол, еден вид смола, за да формираат магнетна слуз.