ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Богоевски: Ниту на Мицкоски, ниту на Чулев им е гајле за безбедноста во државава

Основата на комуникациската стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за мобилизирање на гласачи на овие избори е – „нивната победа е неминовна, а кога со сигурност ќе дојдат на власт, ќе ги избришат сите анти-државни промени кои ги направила расипничката влада на Заев и ќе ги испозатворат сите кои тие ги сметаат за криминалци или предавници.“

January 14, 2020 12:09
in СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Техничкиот Министер за внатрешни работи не е дојден со задача да ја заштити, или не дај Боже, унапреди безбедноста во Република Северна Македонија. Судејќи по неговите постапки, очигледно е дека агендата на „врвниот професионалец“ на ВМРО-ДПМНЕ е идентична со онаа на партијата која го назначи – прикажување и предизвикување на што е можно поголем хаос и иницирање на битката за расчистување со неистомислениците, пишува Павле Богоевски на неговиот Фејсбук профил.

Основата на комуникациската стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за мобилизирање на гласачи на овие избори е – „нивната победа е неминовна, а кога со сигурност ќе дојдат на власт, ќе ги избришат сите анти-државни промени кои ги направила расипничката влада на Заев и ќе ги испозатворат сите кои тие ги сметаат за криминалци или предавници.“

За да убедат што е можно поголем број гласачи во неминовноста на својата победа, тие мораат мошне убедливо да ја креираат приказната која сакаат да ја продадат. Затоа, со сигурност тврдам дека единствената работа која ќе ја вршат не само Чулев, туку и сите останати технички министри и заменици-министри ќе биде блокирање на што е можно поголем дел од работата на министерствата и на Владата, со што ќе се прикаже неефикасност и расипништво; и кревање галама за најчесто непостоечки и конфузни криминални заговори и дела на сегашната власт.

Велам непостоечки и конфузни, бидејќи во денешното време на брзи информации и лажни вести, може да биде многу поефективно политичкиот противник да го обвинуваш за работи кои ги нема сторено, отколку за нешта кои навистина ги направил. Така, тој/таа е ставен/а во положба на постојана дефанзива и без јасно креирана стратегија поради постојаните различни напади.

Тука, улогата на Чулев е малку поинаква од останатите. Неговото педигре на лојален режимски службеник и во најмрачните времиња на државава и неговата позиционираност во МВР го прават ударната тупаница на предизборната пропаганда која ќе следи. Негова работа ќе биде убедувањето на јавноста во одлучноста на ДПМНЕ во постизборното расчистување со непријателите. Затоа Чулев веќе го претвара МВР во МВРО со кадар чија задача ќе биде креирање хаос и афери. Затоа Чулев под дрво и под камен веќе бара обвинител кој ќе се согласи во предизборието да отвори постапка против Заев.

Дополнително, но не непланирано – ефектот кој оваа пропаганда ќе го има врз веќе започнатите постапки против поранешниот режим – тие веруваат дека така целосно ќе го банализираат секој обид за нивно повикување на одговорност, што има за цел да ја отапи јавноста во поглед на нивните секојдневни малверзации, манипулации и изигрувања на судскиот систем.

Фејсбук статус на Павле Богоевски.

Next Post

Пленковиќ: Амбиција на Хрватска е да обезбеди поддршка за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk