Хуманитарен коридор од опколениот југоисточен украински град Мариупол, денеска ќе биде во функција и покрај доцнењата и тешкотиите да се задржи рутата отворена за евакуација, пренесува МИА.
Рутата ќе биде за приватен превоз. Петнаесет автобуси за евакуација веќе заминаа од Запорожје за Мариупол, изјави Ирина Верешчук, украинската вицепремиерка и министерка за реинтеграција на привремено окупирани територии.
Таа додаде дека ќе се продолжи и со евакуацијата на луѓето од Северодонецк, Попасна, Лисичанск, Рубижне и селото Нижни во регионот на Луганск, мислејќи на заедниците на истокот на Украина, кои беа под интензивни борби и под силно гранатирање.







