ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Додека светот говори за геноцид, Русија обвинува за дезинформации за Украина

April 4, 2022 18:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Украина. Фото: Алексеј Фурман

Украина. Фото: Алексеј Фурман

Share on FacebookShare on Twitter

Светот е сведок за се повеќе докази за ужасните дејствија на руските сили во градовите како Ирпин и Буча (Украина),  што се гледаат на објавените  фотографии и снимки од трупови на улиците, на кои јасно се забележуваат ужасни глетки од убиени цивили со врзани раце зад грб и со бели ленти на рацете за да се означат како цивили. Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук, на 2 април изјави дека околу 300 локални цивили биле застрелани за време кога градот бил окупиран од руските сили. Околу 280 тела биле фрлени во масовна гробница, додека останатите биле оставени на улица, пишува ЦИВИЛ.

Меѓународната заедница шокирана од сликите од Буча бара независна истрага, а Националниот Синдикат на новинари на Украина упати апел  до странските новинари.

„Најновите застрашувачки фото-факти од ослободените украински градови Буча и Ирпин покажуваат дека во моментов се случуваат злосторства против човештвото. Руските трупи во Украина не само што се борат против вооружените сили на Украина, туку и практикуваат тортура, егзекуции, па дури и палење цивили. Ова е вистински геноцид врз украинскиот народ и се случува токму сега, во 21 век! Мораме да го запреме ова заедно и никогаш да не дозволиме да се повтори каде и да може да се случи“, апелираат од Националниот Синдикат на новинари на Украина.

Меѓународниот кривичен суд претходно отвори истрага за наводните за воени злосторства извршени од руските сили во Украина, а од невладината Хјуман рајтс воч забележале неколку наводи за силување, два случаи на егзекуции во кои имало седум жртви, како и други случаи на закани и насилство врз цивили.

Во меѓувреме, Руските власти негираат дека биле убиени цивили во Буча. Руското Министерство за одбрана тврди дека ужасните сцени во Буча биле лажирани од украинските сили како „провокација“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли извештаите за „лажен напад“ во Буча и рече дека Русија бара „итна средба на Советот за безбедност за ова конкретно прашање, бидејќи таквите провокации ги гледаме како директна закана за меѓународниот мир и безбедност.”

И портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова ги отфрла наводите и ги нарекува провокации.

„Денес Русија повторно ќе бара Советот за безбедност на ОН да се состане во врска со криминалните провокации на украинските војници и радикали во овој град“, напиша Захарова на нејзиниот канал Телеграм.

– Кои се господарите на провокациите? Се разбира, САД и НАТО, изјави портпаролката на Министерството Марија Захарова во интервју за државната телевизија доцна синоќа.

Таа вели дека моменталното врескање на Западот поради сликите на загинатите цивили укажува на тоа дека приказната била дел од планот за нанесување штета на угледот на Русија.

Според светски медиуми, руските војници обвинети за масакрирање на невооружени цивили во Буча и на други места во Украина веројатно никогаш нема да бидат изведени пред лицето на правдата.

Но, и покрај ужасните слики и илјадниците руски војници убиени на бојното поле, новата анкета во Русија покажува дека рејтингот на Путин се зголемил на 83% од почетокот на инвазијата.

Додека илјадници беа уапсени за протестирање против војната во Украина во руските градови во текот на минатиот месец, многу Руси целосно се потпираат на државните новински организации во земјата за нивните информации. Тие медиуми ја прикажуваат само верзијата на Кремљ за она што Путин го нарекува „специјална воена операција“, а ниту еден руски медиум не е слободен да ја објави вистината за она што се случува во Украина.

Next Post

Петровска: Сигурноста и безбедноста на државата најголема придобивка од членството во НАТО

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk