ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петардите на Груевски

April 5, 2022 14:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Кога своевремено лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев најави т.н. „бомби“ од кои Греувски ќе „падне“ и дека од срам ќе ја неведне главата, властодршците не веруваа и си мислеа дека, во најдобра можна рака, тој држи само петарда во раката, со која напразно се заканува.

„Бомбите“ на Заев сепак си ја завршија работата. Навистина многу работи во меѓувреме се случија, но ехото на тие бомби сè уште одекнува. После тоа, бомбаштвото стана мода, па секој ден ќе пукнеше некојa, колку за муабет и дневно олајавање по медиуми.

Никола Груевски, како во старите „добри“ времиња, тајно низ разговор си ги „сними“ своите блиски соработници од некогаш, во кој тие ќе му докажат дека сè уште го кријат пред лицето на правдата.

Едноставно за да ги има како доказ дека тој е „чист“. Може сите други да се виновни, но само него да не го мешаат. Него само тоа го интересира, сите во бунар нека влезат само тој својот газ да си го спаси. Еднаш го спаси, ама ако може да го спасува и натаму.

Но бомбата, пардон, петардата  што ја спремаше, не пукна. А се надеваше дека со неа ќе куртули од конечна пресуда за плацевите на Водно, мислејќи дека така функционираат работите овде, дека секоја бомба е „добра бомба“ и вреди да биде земена предвид на судот. Но очигледно „оние бомби“ на Заев и овие „бомби“ не се исти. Затоа што ниту тој е истиот.

Тој тогаш беше премиер и она што го правеше на начин на кој го правеше, беше „повисок“ јавен интерес, за бомбите да важат на суд. Сега е само бегалец во Будимпешта, кој незаконски снима „бомби“ од кои сака да има само личен интерес. И затоа така судот пресече.

Судечкиот судија Илија Трпков го прифати образложението на обвинителството дека снимките се незаконски прибавени и дека со нив не се штити јавниот интерес туку само личниот интерес на Груевски.

„Груевски го снимал соговорникот без да му каже, што го прави незаконски. Ваквите докази треба да се прифатат, но само ако има јавен интерес. А во овие јавен интерес нема, само личниот интерес на Никола Груевски. Тој ги имал снимките уште во февруари, ги чувал и не ги предложил како доказ. Ако ги прифати судот овие јавно објавени разговори, тогаш и обвинителството бара да ги прифати судот како доказ јавно објавените разговори каде обвинетиот Груевски кажува дека нашол ‘земјиште за џабал’к’“ – изјави Лиле Стефанова обвинителка.

На ова „реагира“ Никола Груевски од Будимпешта и вели дека „Македонија е земја каде што денес судиите дефакто се подчинети на обвинителите, а обвинителите на власта, особено во предметите каде во позадина е политиката“.

Тоа било како што вели тој „изопачена хиреархијата, во однос на нормалните и демократски држави во кои не се вршат политички прогони“.

Леле мори мајко! Кој најде да збори за независно судство!!! Човекот што го создаде надалеку чувеното „сваровски“ судство со што ја зароби државата, што ги исфрлаше пратенците од собраниска сала, а новинарите од галеријата, што сакаше во ендек да фрла неистомисленици, што во затвор ставаше мајки со малолетни деца, и т.н. и т.н, сега се залага за правна држава!

Ако баш сака да се „докажува“ дека е во право, нека дојде и тоа нека го прави на суд. Вака по фејсбук не е јасно пред кого се правда, пред народот или пред оние кои „лежат“ или ќе „лежат“ заради него.


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Три и пол години затвор за Миле Јанакиески за случајот ,,Топлик”

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk