ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судскиот совет разреши петмина судии

April 7, 2022 15:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Судскиот совет на денешната седница постапуваше по трите предмети за утврдување одговорност кај судии за кои Советот за жалби при Врховниот суд ги укина решенијата на Судскиот совет.

Како што информираа од Судски совет, според законската процедура СС одново постапил по трите предмети и повторно донесел решенија тројцата судии да бидат разрешени од функцијата. Судскиот совет при одлучувањето се водел и од насоките на Советот за жалби.

Во едниот предмет напатствијата од Советот за жалби, како што информираат од Судски совет, биле да се провери навременоста, преиначувањето, односно прецизирањето на барањето за утврдување одговорност, како и да се оцени дали судијата постапувал како судија или како В.Д. претседател на суд.

– Напатствијата се испочитувани и Судскиот совет уште еднаш ги утврди околностите при повторената постапка и ја донесе својата одлука за разрешување затоа што се утврдени околности дека судијата сторил повреда на закон. Тој постапил спротивно на Законот за судовите, односно исклучил неколкумина судии од системот АКМИС при процесот на распределба на предмети и ги довел во нерамноправна положба судиите во судот во период кога истекувал рокот на СЈО за покренување постапки. Со тоа судијата ги пречекорил законските овластувања и постапувал нестручно и несовесно, велат од Судскиот совет.

Во врска со вториот и третиот судија, за чии постапки за разрешување исто така се одлучуваа по втор пат во Судскиот совет, Советот за жалби даде насока да се почитува принципот на индивидуализација на постапката, како и целосно да се утврди фактичката состојба.

– При повторената постапка пред Судскиот совет земени се предвид насоките на Советот за жалби. Инаку, едниот судија постапувал во предмет во кој едната странка била застапувана од адвокатска канцеларија во која бил вработен синот на судијата како адвокат со што судијата ги прекршил законските норми, односно постапувал нестручно и несовесно. Другиот судија во својство на В.Д. претседател пак, донел решение со кое не го изземал судијата од предметот, иако имал законска надлежност за тоа и знаел дека постои конфликт на интереси преку роднинските релации на судијата со адвокатската канцеларија. И овој судија постапил нестручно и несовесно, додаваат од Судски совет.

Решенијата на Судскиот совет се конечни и тројца судии немаат право на жалба до Советот за жалби, појаснуваат од таму.

Покрај овие три случаи, за кои се одлучуваше во повторена постапка, Судскиот совет заседаваше и за други два случаи, со двајца судии на основни судови против кои е поднесено барање за утврдување одговорност. Кај првиот судија е констатирано дека биле донесени две различни решенија за иста правна ситуација и применил различни законски одредби. Судскиот совет заклучи дека судијата постапувал несовесно и нестручно затоа што ги прекршил одредбите од Законот за парнична постапка. Затоа, како што е наведено во соопштението, СС донесе решение за разрешување на судијата.

Во врска со вториот судија е утврдено дека ги прекршил одредбите на Судскиот деловник, како и на Законот за парнична постапка. Судијата не ги почитувал законските рокови за закажување и одржување на рочишта со што постапил нестручно и несовесно.

Овие двајца судии имаат право на жалба до Советот за жалби. Двете барања за утврдување одговорност се поднесени од членови на Судскиот совет чија надлежност е да ја следат работата на судовите и на судиите. 

Next Post

Османи на НАТО состанок во Брисел: Западен Балкан е неизоставен дел од идната безбедносна структура во Европа

НАЈНОВО

Ламборџини го претстави новиот Феномено, својот најекстремен модел до сега

August 27, 2025

Повеќе превезена стока во товарниот патен превоз, помалку во воздухопловниот

August 27, 2025
Фото: Триатлон и пливачкиот клуб 3Дисциплини од Струга

Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk