Минатата 2021 година ја завршивме како година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години – 116, а најголемо намалување на сообраќајните незгоди според местото на случување е забележано на подрачјето на СВР Скопје, кое важи за подрачје со голема фреквенција на возила и учесници во сообраќајот, напиша на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Според статистичките податоци, а на мое големо задоволство – бројката на жртви постојано паѓа.
Така, минатата 2021 година ја завршивме како година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години – 116, а најголемо намалување на сообраќајните незгоди според местото на случување е забележано на подрачјето на СВР Скопје, кое важи за подрачје со голема фреквенција на возила и учесници во сообраќајот.
Притоа, како производ на зајакнатите акциски контроли во сообраќајот, кои очигледно даваат резултат, се регистрираните над 992 илјади превентивно – репресивни мерки во последните пет години, против прекршителите на сообраќајните правила и прописи, во најголем дел за брзо возење.
Тоа придонесе за континуирано намалување на бројот на жртви, а со самото тоа и постапно остварување на нашата цел, па ако во 2013 имаше 198 жртви, во 2016 тој број беше 165, во 2017 – 155, 2018 – 133, во 2019 – 132, во 2020 – 125, во 2021-116“, пишува во објавата.




