ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пелеши: Секоја педа во Албанија е безбедна со принципот на колективна одбрана на НАТО

April 9, 2022 17:32
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши, изјави дека секоја педа од Албанија е безбедна и заштитена со принципот на колективна одбрана на НАТО, пренесува МИА.

Ова тој го гарантираше пред учесниците на панел дискусијата „ Безбедност-регион-Европа“ што се одржува во рамки на Конгресот на владејачката Социјалистичка партија.

– Историски, западната вокација на Албанците, се материјализираше пред 13 години со членството во НАТО. Денес, Албанија е извозник на безбедност во мировните мисии и фактор на стабилност во регионот. Околу 8.000 припадници на вооружените сили служеле во мисиите на НАТО, ЕУ, ОН, од Авганистан, Ирак, Летонија, Мали, Судан до БиХ и секако во Косово, истакна Пелеши.

Потенцирајќи ги безбедносните закани во Европа, како резултат на последните настани и неопходноста вооружените сили да бидат способни да го заштитат територијалниот интегритет на земјата, министерот оцени дека како резултат на руската агресија, безбедносната средина во Европа и на источната граница на Алијансата е загрозена и непредвидлива.

– Секој квадратен сантиметар во Албанија е безбеден и заштитен со принципот на колективна одбрана на НАТО. Последните случувања го зајакнаа единството на Алијансата во одбрана на заедничкиот простор и суверенитет на земјите-членки. Вооружените сили мора да ги исполнат задачите што произлегуваат од НАТО. Вооружените сили мора да бидат способни да ги исполнат обврските што произлегуваат од уставната мисија за зачувување на територијалниот интегритет на земјата, потенцираше Пелеши.

Тој првпат најави почеток на брз процес на создавање резервен армиски состав, а ја спомена и имплементација на тактичката воздухопловна база на НАТО во Кучово, која се наоѓа во јужниот дел на земјата и ќе биде прва воздухопловна база на Алијансата во Западен Балкан.

Next Post

Хрватска ќе обезбеди уште 100 милиони евра за помош на украинските бегалци

Shortcut

Најново

Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk