Володимир Зеленски рече дека една од нашите главни свети реликвии ќе се врати во Украина. Станува збор за иконата Свети Никола (Мокриот).
Шефот на државата ова го соопшти во своето ново обраќање по повод резултатите од 45-от ден од војната со Русија, пишува Канал 24. Една од најпочитуваните икони на Света Софија Киевска ќе се врати во Украина
Според претседателот на Украина, многу Украинци ја чекале оваа вест. Иконата на Свети Никола (Мокриот) е првата чудотворна икона на Руси, една од најпочитуваните икони на Света Софија Киевска. Зеленски истакна дека властите долго време работат на нејзиното враќање. Во есента 1943 година, во пресрет на влегувањето на советските трупи во Киев, иконата беше однесена во Варшава од каде потоа била пренесена во Америка. Но, со одлука на архиереите, свештенството и верниците на Украинската православна црква во САД иконата сега ќе се врати дома.
“Сакам враќањето на ова света икона да стане важен симбол за нас, фундаментален симбол. Симбол дека на Украина ќе и вратиме се што е наше. Се што е украинско.“ – нагласи претседателот на Украина.
подготви: Жорж Димовски