ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Триесетдневен притвор за двајца од осомничените за убиство за ракометарот Тот

April 10, 2022 20:17
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

На двајца од тројцата осомничени, кои се товарат дека со нанесување на повреди на телото на ракометарот Денис Тот извршиле кривично дело „убиство“, им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

– Постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје, судија на претходна постапка донесе решение да го прифати предлогот на Обвинителството и на двајцата приведени им одреди мерка притвор, заради постоење опасност од бегство и можност да влијаат и да ја попречат истрагата, информираа од Кривичниот суд Скопје.

ЈО вчера соопшти дека за убиство на ракометарот на РК „Бутел“, Денис Тот се осомничени три лица, од кои двајца се лишени од слобода, додека третиот, кој е првоосомничен, е недостапен на органите на прогонот и по него се трага и е распишан централен распис.

– По добиеното известување од МВР за случен кривично правен настан со смртни последици, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје, со цел да се испитаат сите околности во насока на расчистување на настанот издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за обезбедување на видео записи од безбедносни камери – Safe City и ноќниот клуб, како и да се сослушаат повеќе лица кои сведочеле на настанот и можат да дадат податоци потребни за истрагата. Врз основа на прегледаните видео записи идентификувани се три лица за кои предметниот обвинител по добивање на кривичната пријава ќе донесе наредба за спроведување на истражна постапка, поради постоење на основано сомнение дека осомничените меѓу кои една девојка (19) сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 вв член 22 од Кривичниот законик, информираа од Јавното обвинителство.

Со оглед на тежината на стореното кривично дело и запретената казна, како и заради непречено водење на постапката, според ЈО, исполнети се законските услови за определување на најстрогата мерка за обезбедување на присуство, па за сите осомничени предложи да им биде определена мерката притвор.

Министерството за внатрешни работи, пак, информира дека по обезбедените снимки и дополнителни мерки и активности од страна на СВР Скопје утврдени дека „на ден 07.04.2022 година, околу 03:30 часот, пред ноќен клуб лоциран во Градскиот парк, дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Р. Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л.(19) и А.К.(22) сите од Скопје, при што тројцата го нападнале и му нанеле удари по главата на Д.Т. од кои тој паднал со глава наназад на асфалтот и изгубил свест“.

– Од страна на Итна медицинска помош лицето било пренесено во Ургентен центар при Клиниките „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош со реанимација и бил ставен на апарати за дишење, во критична состојба, соопшти МВР.

Како што посочуваат од МВР, според лекарите повредениот имал престанок на работата на срцето и бил во животна опасност, а во текот на вчерашниот ден им подлегнал на повредите.

Од МВР посочија дека во просториите на ЕНК при ЕВР Скопје во присуство на бранител, е извршен службен разговор со повеќе лица меѓу кои и двајца од осомничените.

– Постапувајќи по Наредба издадена од Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје на ден 08.04.2022 година, извршен е претрес во домот на лицето А.Ѓ. кој е недостапен на органите на прогонот и со потврда за привремено одземени предмети одземени се предмети што ќе бидат доставени на вештачење во ОКТИВ при МВР. По лицето А.Ѓ. (28) од Скопје е распишан централен распис. Од страна на СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје е доставен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Обдукцијата извршена вчера во утринските часови на Институтот за судска медицина и геонтологија утврди дека иако нема видливи повреди, смртта на ракометарот била насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот предизвикани од нанесени удари.

Настанот се случил во четвртокот во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Скопје кога осомничените по кратка вербална расправија, го нападнале сега починатиот хрватски ракометар и му задале повеќе удари со боксови и клоци. Од ударите тој паднал и со задниот дел од главата удрил во асфалт и изгубил свест. Тројцата осомничени продолжиле со удирање по главата, а потоа без да му укажат помош заминале од местото на настанот.

Лице вработено во ноќниот клуб повикало Итна медицинска помош по што ракометарот бил пренесен на Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и според информациите од лекарите што го примиле, имал престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење и бил во животно загрозувачка состојба, а наредниот ден и покрај обидите за реанимација починал./МИА/

Next Post

Приведени сопружници од Штип, расчистено кривично дело „фалсификување пари“

НАЈНОВО

Скриншот

Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција Диела е бремена, очекуваме 83 деца

October 27, 2025

„Ле Каландре“ од Италија е најдобар ресторан во светот за 2025

October 27, 2025
Фото: МИА

Лазаров: Манасков игра во одлична форма и затоа доби повик, но тој го одби

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk