Гoворејќи за енергетската криза вицепремиерот за економски работи Фатмир Битиќи, вели дека Северна Македонија целосно се посветува на транзиција кон зелената енергија.
„Во овој момент ги финализираме договорите со германскиот инвеститор за ветерниците во вредност од 500 милиони евра, со францускиот инвеститор Акио од приближно 400 милиони евра за фотоволтаична централа, се преговара за една голема гасна централа во близина на Скопје и се работи на целосна транзиција на РЕК Битола од јаглен на гас. Исто така пред три недели потпишавме договор за нашето учество во Александрополис терминалот во кој стануваме сопственици од десет проценти на гасниот терминал, но од друга страна, преговараме за наше учество во гасната централа за производство на електрична енергија од 25 проценти. Со малку пари стануваме сопственици на геостратешки капацитети. И за прв пат сега објавувам дека имаме резервирано капацитети на гас за наредните 15 години, почнувајќи од 2024 година. Значи стопанството и граѓаните можат да бидат мирни и да не се грижат во наредните 15 години. Тоа никогаш ниедна Влада го нема направено“ изјави вицепремиерот Битиќи во интервју за Фронтлајн.