ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зошто никого не го интересираат украдените пари од Груевски?

Никола Груевски и Сашо (алијас Алекс, Александар, Саша) Мијалков конечно се ставени на американската „црна листа“. Но, која е компанијата во сопственост на Груевски I.C.I.C. Kft, регистрирана во будимпештанското предградие Пецел (ул. „Бочкаи“ бр. 9), на дваесетина километри од центарот на унгарската престолнина?!

April 13, 2022 11:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Сашо Орданоски

Сашо Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Прво малку „заднински“ информации: според Извршната наредба (бр. 14033) на американскиот претседател Џо Бајден од 8 јуни 2021 година, којашто се надоврзува и ги проширува соодветните Извршни наредби на американскиот претседател Џорџ В. Буш од 2001 и 2003 година, а се однесува на поткопувањето на мировните активности на Западниот Балкан, како и за ширењето на институционалната корупција во регионот коишто претставуваат „невообичаенa и вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Држави“, на 11 април годинава, Канцеларијата за контрола на странски имоти (OFAC) при американското Министерство за финансии, во соработка со Стејт Департментот, означи седум лица и една компанија од Западниот Балкан кои се „закана за стабилноста на регионот преку корупција, криминални активности и друго дестабилизирачко однесување“.

За оние кои ќе се стават на SDN (Specially Designated National) листата на OFAC – попозната и како „црна листа“ – соработката со и патувањата во САД се завршени, имотот им е замрзнат секаде каде што допира американската јурисдикција, а меѓународната бизнис кариера можат слободно да ја „заврзат за опашката на мачката“ бидејќи, со оглед на американското економско и друго директно и индиректно влијание во светот, е речиси невозможно да прават легални парични трансакции, особено во долари. Морално-политичките импликации кои произлегуваат за некого кој е ставен на оваа „црна листа“, барем во контекстот на западниот демократски свет, обично се прилично девастирачки.

Како што е познато, на најновиот список од седум „банирани“ лица се наоѓаат и имињата на Никола Груевски и Сашо (алијас Алекс, Александар, Саша) Мијалков, како и компанијата во сопственост на Груевски I.C.I.C. Kft (компанија со ограничена одговорност), регистрирана во будимпештанското предградие Пецел (ул. „Бочкаи“ бр. 9), на дваесетина километри од центарот на унгарската престолнина. Наведениот список на сомневања за злодела со кои двеве лица се товарат од страна американската администрација е предолг за овдека да се набројува (во официјалното соопштение има десетина реда за тоа), но за македонската јавност во списокот на тие злоупотреби и криминали нема ништо кривично-правно што веќе со години не го знаеме.

Вреди да се каже дека оваа американска одлука е задоцнета барем 4-5 години. Но, со оглед на Трамповиот светоглед за балканските популистички политичари-криминалци, Извршната наредба на Бајден е и релативно брзо донесена. Информациите дека такво нешто ќе се случи, за упатените, беа протечени веќе кон крајот на минатата година.

Добро, ова е, помалку или повеќе, познато.

Но, која е оваа фирма I.C.I.C. Kft  на Груевски што се јавува на „црната листа“? Со каков имот и капитал располага, кое е неговото потекло, во кои земји работи (од регионов, за почеток), а и на кои финансиски берзи е активна? Зошто е поименично наведена од страна на Американците – барем тоа, кога е во прашање загрозувањето на нивните „национални интереси“, не може да е случајно!?

Занимливо, ниту една надлежна институција во Македонија – барем од она што е достапно дури и за поупатената јавност – не се занимава со континуираните бизнис активности на пребеганиот премиер. Човекот со години изнесуваше милиони евра по оф-шор и други сметки од земјава, ние дури ни приближната сума не ја знаеме. Со кого и да разговарате овде кој нешто разбира „по темава“, веднаш наидувате на „кревање раменици“, но и на еден куп шпекулации кои, доколку се сака, не е тешко барем да се проверат. Не се сака.

А, за почеток, да утврдеше некој надлежен чиј е и каде се наоѓа објектот на улицата во населбата Пецел каде што е регистрирана фирмата на Грујо?

Тукушто објавената „црна листа“ на Американците може да се протолкува и како шлаканица не само за Груевски, туку за нашата официјална неспособност (или нешто друго?) во оваа смисла. Ама ние не сме за шлаканици, туку за боксови…


Преземено од ЦИВИЛ Медиа. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Зеленски: Ѝ нудам на Русија да го замениме Медведчук за нашите девојчиња и момчиња во руско заробеништво

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk