Од територијата на Русија тешко вооружување се движи кон границата со Финска. Тоа започна неколку часа по предупредувањето на Москва, за изјавата на Хелсинки, за влез на таа европска земја во НАТО. Особено се евидентира движењето на ракетните системи, пренесува Хвила.нет.
На 11 април 2022 година, се појави видео, кое го сними движењето на два крајбрежни ракетни системи низ територијата на Руската Федерација по патот во близина на границата со Финска.
Според прелиминарните податоци, станува збор за мобилни системи за крајбрежна одбрана К-300П „Бастион-П“, кои се користат за уништување на воени бродови.
Како што е наведено, распоредувањето на руската војска доаѓа откако финската премиерка Сана Марин изрази надеж дека владата „до средината на летото ќе ја заврши дискусијата“ за аплицирање на Финска за членство во НАТО.
Како одговор на изјавата на финската премиерка, портпаролот на Путин, Песков рече дека овој потег „нема да ја подобри“ безбедносната ситуација во Европа, додека рускиот пратеник Владимир Џабаров додаде дека тоа ќе значи „уништување на таа земја“.
Да потсетиме дека претходно имаше известување дека САД веруваат дека Русија направила голема стратешка грешка, бидејќи како резултат на нејзините дејствија Финска и Шведска се подготвени да се приклучат на НАТО.
Превод: Жорж Димовски