ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Каевски за Фронтлајн: Ако опозицијата не го блокираше Законот за наставници, платите сега ќе беа зголемени

Каевски истакна дека во Предлог Законот за наставници и стручни соработници, во членот 66.ж. предвидена е дополнителна одредба која се однесува на усогласување на платите на наставниците со минималната плата и доколку до сега бил донесен, платите веќе ќе биле зголемени

April 13, 2022 15:45
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Дарко Каевски/ Фото: Фронтлајн.мк

Дарко Каевски/ Фото: Фронтлајн.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Пратеник од СДСМ, Дарко Каевски, во изјава за Фронтлајн за тоа зошто се одолговлекува предлогот за промена на Законот за наставници и стручни соработници, истакна дека повеќе од една година Предлог Законот е во собраниска процедура, а пратениците од опозицијата со процедурални излагања го блокираат носењето на овој Закон. Ако опозицијата не го блокираше законот, платите сега веќе ќе беа зголемени, вели Каевски.

Повеќе од една година овој предлог за промена на Законот за наставници и стручни соработници е во собраниска процедура. За жал, колегите од опозицијата со процедурални излагања го блокираат носењето на овој Закон, рече Каевски.

Тој потенцираше дека со овој Закон на околу 4.700 наставници по автоматизам ќе им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време, со што ќе се подобри квалитетот на образованието.

Овој Закон предвидува дека околу 4.700 наставници по автоматизам со донесувањето на овој закон ќе им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време. Со тоа ќе се подобри квалитетот на обрзованието, секако ќе се реши и проблемот на 4700 наставници. Повеќе нема ниту учениците, ниту родителите да имаат главоболки дали ќе им се менува нивниот наставник од почетокот на учебната година или ќе имаат останати проблеми. Туќе ќе бидат насочени и фокусирани кон наставата и сето тоа ќе придонесе за подобрување на квалитетот на образованието и секако решавање на овој проблем на 4.700 наставници, вели Каевски.

Секој пат кога владеачкото парламентарно мнозинство и Комисијата за образование, наука и спорт ќе продолжат, пратениците од опозицијата го блокираат Законот со многу процедурални излагања, вели тој.

Овој Закон е блокиран со многу процедурални излагања. Секој пат кога ние како владеачко парламентарно мнозинство се обидуваме да продолжиме со Комсијата за образование наука и спорт, колегите пратеници од опозицијата го блокираат. Излегуваат зборат за се и сешто само за она што треба не се збори. Не дозволуваат да се влезе во материјлна расправа на законот и со тоа го оневозможуваат носењето на Законот. Верувам дека час поскоро ќе се надминат себе си, ќе ги остават на страна ситните партиски интереси и придонесат за носењето на овој Закон што е важен за Собранието, за наставниците и за учениците, рече Каевски.

Каевски истакна дека во Предлог Законот за наставници и стручни соработници, во членот 66.ж. предвидена е дополнителна одредба која се однесува на усогласување на платите на наставниците со минималната плата и доколку до сега бил донесен, платите веќе ќе биделе зголемени.

Дополнително сакам да напоменам во членот 66 ж во овој Закон има дополнителна одредба која што се однесува на платата и на усогласувањето на платате на наставниците со минималната плата со што доколку го донесевме година дена порано сега и те како ќе беа зголемени платите. Но и сега доколку би се донел овој Предлог Закон за наставници и стручни соработници ќе влијае во подобрување и зголемување на платата на наставниците. Верувам дека час поскоро ќе се одважат пратениците од опозицијата и ќе помогнат, ќе придонесат, односно ќе влеземе во материјалната расправа и ќе го донесеме овој Предлог Закон, истакна Каевски.

Тој нагласи дека пратениците од опозицијата блокираат и други Закони и во ниту еден момент не ја кажуваат причината зошто се блокирани Законите.

Причините кои што ги имаат од опозицијата, односно образложението зашто ги блокираат во ниту еден момент не го слушнавме, во ниту еден момент не добивме искрен одговор од опозицијата зашто се блокирани. Верувам дека таквото неодговорно однесување граѓаните го гледаат, го ценат, и сето тоа ќе придонесе до едно подобро разбистрување и перцепција за начинот и однесувањето на колегите пратеници од опозицијата во Собранието, потенцира пратеникот Дарко Каевски во изјавата за Фронтлајн.

Покрај овој Предлог Закон, вели Каевски, опозицијата блокира и други предлог закони за коишто никогаш не дава образложение.

Мартина Ацковска

Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Регистрирани 185 нови позитивни случаи на Ковид-19

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk