ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Канцеларијата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд им се придружува на истражителите на Украина

April 14, 2022 13:19
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Буча започна ексхумацијата на телата од втората масовна гробница во близина на црквата Свети Андреј и Сите Свети. Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан и генералната обвинителка Ирина Венедиктова ја посетија Буча. Во гробницата имало од 40 до 60 тела. На 8 април од првиот гроб беа извадени 57 тела, од кои повеќето со прострелни рани, пишува „Вечерен Киев“.

Во меѓувреме, обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан и генералниот обвинител Ирина Венедиктова ја посетија Буча во регионот на Киев, каде што е во тек ексхумацијата на телата на убиените цивили од втората голема гробница во локалната црква.

Прес-службата на МКС исто така објави:

„Украина е место на злосторство. Овде сме затоа што имаме добра причина да веруваме дека има злосторства кои спаѓаат во јурисдикција на МКС. Мораме да ја растераме маглата на војната за да дојдеме до вистината“.

Ирина Венедиктова, шеф на обвинителството, рече дека Кан и неговиот тим истражители и експерти ќе започнат независна истрага за воените злосторства во Киев.

„Со него ја посетивме Буча во регионот на Киев, каде денеска почна ексхумацијата на телата на убиените цивили од втората голема гробница на територијата на локалната црква. Како и во претходната гробница, повеќето од 15-те жртви кои се веќе прегледани се со прострелни и шрапнел рани. Тие ја посетија и гаражата за автомобили каде луѓето се обидуваа да побегнат од војната но беа застрелани од руската војска како и една од коморите за мачење, каде седуммина Украинци беа убиени“, напиша Венедиктова.

Обвинителството на МКС и ГПУ ги здружуваат силите за да ги истражат воените злосторства на руските окупатори во Украина.

„Канцеларијата на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд наскоро ќе се приклучи на работата на нашиот заеднички истражен тим, кој го формиравме со Литванија и Полска на платформата на Европравда“, рече Венедиктова.

Ирина Венедиктова рече дека до 10 април во регионот на Киев, украинските службеници за спроведување на законот го потврдиле убиството на 1.222 украински граѓани од страна на  руската војска.

Превод: Жорж Димовски

 

Next Post

ЦИВИЛ зад димната завеса: Дезинформации и пропаганда – трендови, теми, креатори и дистрибутери

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk