ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Вкупно извезени 136.423 јагниња или 1.560.254 килограми јагнешко месо

April 18, 2022 15:41
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од земјава досега се вкупно извезени 136.423 јагниња или 1.560.254 килограми јагнешко месо, велат за МИА од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, најголем извоз е реализиран во Италија, 85.013 јагниња или 929.990 килограми, а најмал во Црна Гора, 396 јагниња или 5.824 килограми.

Во Хрватска се пласирани 23.193 јагниња или 283.784 килограми, во Бугарија 20.860 јагниња или 256.061 килограм, во Грција 5.542 јагниња или 69.262 килограми, во БиХ 906 јагниња или 8.283 килограми и во Албанија 513 јагниња или 7 050 килограми.

Цената на јагнето жива мера пред неколку дена беше околу 160 – 200 денари за килограм, но производителите очекуваат нејзино зголемување за велигденските празници.

-Од почетокот на годинава до крајот на мај од државава се очекува да бидат откупени околу 130.000 јагниња, од кои само околу 10.000 би завршиле на домашниот пазар, што е во принцип просечна бројка за потрошувачка во нашава земја. Останатите се извезуваат на традиционалните пазари во Италија, Хрватска, Грција, Босна и Бугарија во поново време. Очекувам дека во мај, недостигот на јагнешко во Бугарија ќе се надополнува токму со наши јагниња, додека во летните месеци извозот ќе се интензивира кон туристичките дестинации – Грција, Италија, Хрватска, а можеби и Албанија. За цената сметам дека во периодот по Велигден, нема да има поголеми промени, вели за МИА претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“, Никола Георгиев.

Според него, цената на јагнето е флуктуирачка и постојано расте, секој ден.

-Не би можел да кажам конкретна вредност во моментов, но околу 200 денари е откупната цена и постојано расте. Реалната цена ако се земат предвид производните трошоци, би била над 230 денари. Производната цена не се покрива веќе години наназад и тоа е една од причините за падот на овчарството во земјава. За велигденските празници очекуваме вкупната цена да се зголеми, истакна Георгиев.

Претседателот на здружението на сточари „Даши“, Скендер Аме за МИА изјави дека цената на јагнето кога почна откупот беше 160 денари, но потоа се зголеми до 185 денари и за викендов достигна 190 денари. Тој смета дека реалната цена треба да биде најмалку 250 денари за килограм.

Продажната цена на јагнето во месарниците е 400 – 500 денари. 

Next Post

Положани: Понудата на Владата за зголемување на плати од 10% е повеќе од реална

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk