ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шаќири: Со СОНК ќе продолжиме да преговараме, но образовниот процес што побрзо да продолжи

April 19, 2022 13:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На седница на Влада денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе информира за состојбата во образованието и заклучоците ќе бидат пратени до Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и соопштени во  јавноста. Тој повторно ги повика наставниците да ја разгледаат одлуката за прекин на наставата, да ја имаат предвид понудата за покачување на платите од 10 отсто и економската состојба во која се наоѓа државата и да ги повикаат учениците во училиштата. Рече и дека денеска имал комуникација со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Не прецизираше дали на владината седница ќе се разгледува нов процент што би им бил понуден на СОНК, но апелираше да се има доверба во процесот, преговорите да продолжат, соопштувајќи дека ќе има ребаланс на буџетот и е можно пренасочување средства во министерствата како што предлага МОН за својот буџет.

-Во ниту една ситуација не сум обвинувал никого како министер, но што се однесува до образовниот процес сакам што побрзо да продолжи, и утре. За оваа значајна тема ние може со претставници на СОНК и неговиот Совет секој ден да ги продолжиме преговорите, но не сакам последици да има образовниот процес. На пресот на СОНК се кажа дека членовите и дел од координаторите на СОНК во нивната комуникација кажале дека 95 отсто не прифаќаат 10 проценти покачување, а 5 проценти прифаќаат. Ако се вратиме наназад во годините, овие 10 отсто се највисок процент  за покачување на платите во основното и средното образование. Но пак кажувам, не застануваме тука, имаме простор за дискусија, но секогаш да се има предвид дека овој процент во овој момент е во една многу друга ситуација зашто во претходните години немало ваква економска криза, изјави Шаќири за медиумите по отворањето тркалезна маса за унапредување на правата на децата со попречености.

Апелираше и да нема  дезинформации зашто во јавноста, рече тој, претставници на Советот на СОНК изјавувале дека штрајкот го продолжуваат зашто не е вистина дека има понуда од Владата.

-Не сакам вакви дезинформации. И во оваа економска криза не е кажано дека нема да има повисоки плати во образованието Кажано е да, дека ќе има повисоки плати и ќе биде направено максимум со оглед на состојбата во која се наоѓаме, додаде Шаќири.

Посочи дека Законот за минимална плата во член 8а одредил дека усогласување на сите плати треба да има во најмалку шест месеци, што значи, рече тој, дека  има простор до септември, а дека  како одговорна влада тоа го реализирале и побрзо со дадената понуда. /MИА/.

Next Post

Османи: Ова е демократска држава, нема да дозволиме алиби дека овде се газат човекови права на која било етничка заедница, вклучувајќи ја и бугарската

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk