ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕК без коментар за посетата на бугарската делегација на здружението „Ванчо Михајлов“ и за условите на Софија

April 19, 2022 14:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија останува на ставот дека Бугарија и Северна Македонија треба да изнајдат „заедничко прифатливо решение“ за спорот, но одби да даде коментар за билатералните услови во ЕУ процесот, јави дописничката на МИА од Брисел.

МИА денеска на редовниот брифинг за новинари на Европската комисија побара коментар како за посетата на бугарската владина делегација во центарот во Битола кој го носи името на контроверзниот Ванчо Михајлов, како и коментар за најавата за нова блокада на ЕУ патот од страна на Софија.

Портпаролката Ана Писонеро ги повтори истите познати реченици за „заедничко прифатливо решение“.

– Нашата дамнешна позиција е дека и Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на пристапните преговори, како што знаете следните чекори се во рацете на Советот, од наша страна јасно продолжуваме да ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија да постигнат заеднички прифатливо решение за постоечките билатерални прашања и се надеваме дека ќе видиме што е можно поскоро отворање на формалните пристапни преговори со двете земји, што поскоро, повтори Писонеро.

Останува неодговорено прашањето дали условите што ги поставува Софија – промена на Уставот пред стартот на преговорите со ЕУ, промена на учебниците, итн. – се услови што ги одобрува Европската комисија иако е јасно дека тие не се дел од Копенхашките критериуми, кои Комисија е должна да ги почитува како чувар на Повелбите на ЕУ.

– Знаете добро дека условите за влез во ЕУ се тие што се, тие не се сменети се разбира. Второ, знаете добро дека за да започнат преговорите за пристапување, земјите членки треба да ја одобрат преговарачката рамка. Комисијата веќе пред некое време го поднесе својот предлог до Советот. Дискусиите се во Советот и продолжуваме да ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија да постигнат заеднички прифатливо решение за постоечките билатерални прашања за да напредуваме со процесот. Од наша перспектива ситуацијата е многу јасна: Северна Македонија и Албанија заслужуваат да одат напред и се надеваме на овој чекор што поскоро, изјави Писонеро, која повторно не одговори на прашањето за прифатливоста на бугарските билатерални услови.

Бугарија ја отфрла предложената преговарачка рамка на Европската комисија и планира повторно да ја блокира Северна Македонија во јуни поради билатерални прашања поврзани со историјата и културата, кои никогаш не биле дел од ниту една преговарачка рамка.

Албанија сега бара да биде одвоена од Северна Македонија, одвојување што го поддржува Бугарија, но не и голем број други земји членки на ЕУ. Писонеро на ова повтори дека позицијата на Европската комисија е дека двете земји заслужуваат старт на преговори.

Европската комисија не коментираше за посетата на бугарската делегација во контроверзно именуваниот центар во Битола, а не реагираше ниту на осудата од страна на Еврејската заедница на Северна Македонија./МИА/. 

Next Post
Небојша Арсиќ. Фото: лична архива

Арсиќ: Потегот на СОНК е зачудувачки, личи како да е подгреан од опозицијата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk