ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Норвешка ни овозможува силна поддршка во евро-интегративниот процес

Вицепремиерот Османи, информираат од СЕП, му честиташе на амбасадорот Јелштад за мандатот како амбасадор и му посака успешна реализација на поставените цели.

January 16, 2020 11:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кралството Норвешка отсекогаш претставувало земја пријател и важен подржувач на Република Северна Македонија, во остварувањето на нашите приоритети и стратешки реформски цели поврзани со интеграцијата на земјата во ЕУ, посочи вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната средба со Јорн Јелштад, новоименуваниот норвешки амбасадор во земјава со седиште во Белград.

– Кралството на Норвешка го препозна клучниот момент кога на нашата земја и беше потребна силна поддршка во евро-интегративниот процес и затоа одлучи да ја зголеми поддршката за нашата земја, истакна Османи, подвлекувајќи дека преку неповратните средства од околу три до пет милиони евра на годишно ниво кои што Норвешка ги распределува за земјава, во голема мера се покриваат потребите кои произлегуваат од ЕУ агендата, како што се подготовките за втората фаза на Договорот за стабилизација и асоцијација, надградување на платформата со софтверско решение за усогласеноста на нашето законодавство со законодавството на ЕУ…

Вицепремиерот Османи, информираат од СЕП, му честиташе на амбасадорот Јелштад за мандатот како амбасадор и му посака успешна реализација на поставените цели.

Амбасадорот Јелштад истакна дека Република Северна Македонија покажа одлична подготвеност и политичка зрелост со преземените чекори и досегашните реформи реализирани во насока на пристапување кон ЕУ и НАТО, и дека очекува во најкраток рок протоколот за НАТО да биде ратификуван од страна на Шпанија со што ќе се заокружи цел процес за полноправно членство во НАТО.

Османи меѓу другото потенцираше дека освен полноправното членство во НАТО исто така од суштинско значење за нашата земја е и отворањето на процесот на преговори со ЕУ.

– Земјата очекува позитивен исход од претстојните самити на ЕК во март, мај и април, при што секоја поддршка во оваа насока од страна на Кралството Норвешка ќе биде добредојдена, истакна Османи.

Двајцата соговорници заеднички заклучија дека двете земји имаат одлична билатерална соработка во различни области и со зајакнато темпо ќе продолжат и понатаму да ги продлабочуваат добрите односи преку проекти од взаемен интерес во различни области.

Next Post

(ВИДЕО) Прес-конференција на Санела Шкријељ дополнителна заменичка од Минитерството за труд и социјална политика

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 12 мај 2026: Експлозивен нов почеток и силна акција

May 11, 2026

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk