Актерот Џони Деп продолжи со сведочењето пред судот во Ферфакс, Вирџинија во неговиот случај за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.
Деп разговараше за променливата природа на неговиот однос со Херд. Тој ja обвини Херд дека на моменти во нивната врска давала понижувачки коментари за него, кои би прераснале во расправии.
„Не ми беше дозволено да бидам во право, не ми беше дозволено да имам глас“, рече Деп.
Расправијата меѓу поранешната двојка во 2015 година завршила со тоа што Деп побарал медицинска помош за отсечен прст откако, како што тврди, Херд му фрлила шише вотка.
подготви: М. М.