ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

За да ги разберете модерните автократи, прочитајте ја советската литература за деца

Евгениј Швартс ги истражува заблудите на населението, како и гневот на лидерите

April 22, 2022 07:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во последните денови од студената војна, кога Санкт Петербург сè уште беше Ленинград, Институтот за странски јазици на Универзитетот Херцен во тој град користеше кратка драма од Евгениј Швартс, за странците да гo научaт рускиот јазик. Швартс беше голем писател кој ги избегна чистките на Сталин така што се засолни во релативната безбедност на литературата за деца. „Змеј“, завршен во 1944 година, се претставува како чудно иронично сликање на бајковит заплет. Всушност, тоа е меѓу најпромислените деконструкции на авторитарното владеење некогаш напишано – онаа што е горко релевантно сега кога автократите се враќаат, пишува Економист.

Ланселот, херојот во приказната, пристигнува во земја која со векови била тиранирана од триглав змеј. Змејот секоја година барал од луѓето да му дадат една девојка, многу говеда и други деликатеси. Ланселот пред луѓето ја објавува својата намера да го убие ѕверот. Сепак, жителите го молат да не се обидува. Змејот не е толку лош, протестираат; тој се грижи за своите поданици – го зоврил езерото за да стави крај на чумата пред само 82 години. Останатите витези кои се обидоа да го убијат се спржени и само ги влошија работите. Освен тоа, тој ги штити од другите змејови, се противеле граѓаните на намерите на Ланселот. Кога Ланселот им сугерира дека можеби нема други змејови, тие одбиваат да му веруваат.

Ланселот оди напред. Змејот и неговиот доушник – градоначалникот, заговараат да го саботираат витезот, а и поголемиот дел од населението прават конспирација да го оневозможат витезот. Но, едно мало „подземно“ движење му помага на витезот и го снабдува Ланселот со оружје и летечки тепих. Кога битката започнува, селаните послушно му објавуваат лојалност на змејот. Кога првите две глави од змејот паѓаат на земја, пропагандистите инсистираат на тоа дека ништо не се случува. Само откако ќе падне и последната глава, „превртливите“ луѓе почнуваат да прославуваат.

Една година подоцна, Ланселот се враќа за да открие дека градоначалникот ги принудил селаните да ја прифатат лагата дека тој, а не Ланселот го убил змејот. Користејќи шпиони, затвори и склоноста на граѓаните да подлегнат на корупција, тој го зазеде местото на тиранинот. Разочараниот витез заклучува дека обезглавувањето на Змејот не било доволно: црвот ги искривил душите на неговите поданици и затоа „мораме да го убиеме змејот во секој од нив“.

Со цел да го избегне гулагот, Швартс тврдеше дека Змејот се однесува на Хитлер; Очигледно тоа значеше и за Сталин. Во периодот на перестројката, читателите на „Змеј“ го сфатија ова како брилијантно обвинение за форма на тоталитаризам што се оддалечуваше од светот. До крајот на 1980-тите, комунистичките влади главно го изгубија апетитот за убивање на сопствените поданици. Навистина, граѓаните на државите од советскиот блок беа на улиците, соборувајќи ги своите змејови.

Читањето на оваа претстава 30 години подоцна е потресно. Змејовите се вратија, од Анкара до Москва, замавнувајќи ги своите народи додека тврдат дека ги штитат од непостоечки закани. Некои од нивните поданици ги толерираат; многумина ги бодрат. Швартс го доловува сето тоа: лагите што тираните ги шират за да ги прикријат грабливките како патриотизам, нивното цинично инсистирање дека отпорот е залуден и нивната потреба да ги убијат оние што ја зборуваат вистината.

Најмногу од се покажува како граѓаните се корумпирани и соработуваат во сопственото угнетување. Тоа е тешка порака за бајка, но децата можат да се справат со неа. Можеби сепак ќе се покажат подобри во гледањето на змејови за разлика од нивните родители.

Превод: Ј. Ѓорѓиоски

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Изведба на „Набуко“ на „Мајски оперски вечери“

May 19, 2025
Трамп рејтинг

Лидерите на четири земји телефонски разговарале со Трамп пред неговиот разговор со Путин

May 19, 2025

На претседателските избори во Полска неочекуван успех на екстремната десница

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk