ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Стефанова: Со пресудата за „Плацови на Водно“ судот ја потврди тезата на Обвинителството

April 21, 2022 16:36
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со донесената пресуда од страна на првостепениот суд во целост се потврди тезата на Обвинителството дека обвинетиот Никола Груевски и останатите обвинети, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и Ристо Новачевски, го сториле кривичното дело „перење пари“ и други приноси од казниво дело, обвинетиот Никола Груевски го сторил кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“, изјави обвинителката Лиле Стефанова.

Таа смета оти Обвинителството во овој случај, како што рече, „понуди и беа изведени квалитетни докази од кои во целост се докажа диспозитивот на обвинителниот акт“. 

– Во однос на обвинетиот Никола Груевски се покажа дека додека бил премиер дејствувал коруптивно, стекнувал имот чие потекло го прикривал, не го пријавил во својот анкетен лист, а, исто така, во целост се докажа дека во 2012 година преку фирми, оф-шор компании со сложена шема, која што денес и судот целосно ја образложи, за себе купил имот во Македонија со незаконски стекнати парични средства, образложи таа. 

Стефанова истакна дека за неа од особена важност е изречената конфискација, и, како што рече, смета дека тоа е од важност и за целото општество.

– Иако од износите кои ги слушавте, а ги читаше судот, имотите беа евидентирани со пониски износи, во моментот, трите стана луксузни во Панорама Резиденс, два стана на улицата во кои живеел Никола Груевски, а сега живее и неговото семејство, градежното неизградено земјиште на Водно во површина од 2 700 метри квадратни, имотот во Крушево, и земјиштето кое беше конфиксувано, а по кое и овој предмет го доби името „Плацови на Водно“ во моментот, според пазарната вредност вредат околу 3 милиони евра, рече таа.  

Обвинителката за дел од казните смета дека се правилно одмерени, но за дел од казните, како што рече, „ќе почекаме да ја добиеме писмено изработена пресудата и ќе одлучиме дали ќе поднесеме жалба“.

– Ова особено го мислам за казните изречени спрема обвинетиот Никола Груевски и обвинетиот Сашо Мијалков, рече таа, дополнувајќи дека бара поголеми казни.

Судечкиот совет при Основен Кривичен суд – Скопје денеска изрече седумгодишна казна затвор за поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет за перење пари и противправно стекнување и прикривање на имот. Неговиот кум Ристо Новачевски е осуден на условна казна во времетраење од две години, бизнисмените Ненад Јосифовиќ на двегодишна условна осуда, Јордан (Орце) Камчев е осуден на едногодишна затворска казна кои, исто така се обвинети за за „перење пари”, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело” доби казна затвор од една година и три месеци. /МИА/

Next Post

Кривична пријава за лице кое упатило телефонски закани по животот на странски амбасадор во земјава

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk